Дубравка Ораиќ-Толиќ

Дубравка Ораиќ-Толиќ (1943). Философија и руски јазик и книжевност студира во Загреб и Виена. Од 1971 година работи во Заводот за наука за книжевноста на Философскиот факултет во Загреб. Докторира со тезата Цитатност. Универзални типови и историски модели. Научни дела од областа на книжевноста и културата на 20-тиот век објавува во списанија и зборници во земјата и странство.