Едвард Луси Смит

Едвард Луси-Смит е роден во Кингстон, Јамајка во 1933 година. Во Велика Британија емигрирал во 1946 и образованието по историја го стекнал колеџите во Кентербери и Оксфорд. Бил офицер за образование во Кралската авијација, а работел десет години во рекламни агенции, пред да стане слободен уметник. Има висока меѓународна репутација на уметнички критичар, поет и историчар. Член е на Европската поетска академија, антологичар и фотограф. Има објавено над стотина наслови во тираж од 250.000 книги. Бил куратор на бројни изложби во најпознатите светски уметнички центри, а излагап свои фотографии во многу престижни галерии. Негови дела се наоѓаат во постојаните поставки на десетина музеи и галерии во светот.

Display # 
Title Created Date Hits
POETHRY AND PAINTING 23 April 2013 14460