Елизабета Баковска

Родена во 1969 во Битола. Во 1992 дипломирала на групата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, а во 2000 магистрирала на истиот факултет со тематаИнтертекстуалните предлошки во расказите на Џојс Керол Оутс, Алис Вокер, Гордана Михаилова Бошнакоска и Јадранка Владова.
Се занимава со книжевен превод од англиски на македонски јазик и обратно. Преведувала за издавачката куќа Култура, македонскиот Пен центар, Струшките вечери на поезијата. Нејзините преводи се појавуваат и во периодиката и во електронското издаваштво. Редовно преведува за електронското списание за култура Блесок. 
Повремено објавува и свои литературни и критички текстови. 
Од 1998 работи во Холандската амбасада во Скопје.

Display # 
Title Created Date Hits
INTERTEXTUAL ASPECTS IN THE JOYCE CAROL OATES'S STORY THE LADY WITH THE PAT DOG 23 April 2013 17358