Кирил Мираковски

Кирил Мираковски (1981) - студент на постдипломски студии на катедрата по Општа и компаративна книжевност, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. 
Досега има работено и соработувано како преведувач од руски јазик, и како автор, во повеќе електронски и печатени списанија во Македонија. Има преведувано автори од кои би ги изделиле; С. Аверинцев, Б. Гројс, А. Генис, М. Епштејн, Виктор Пелевин, Људмила Петрушевскаја. Кратко време има работено како новинар, а работи и како рецензент и книжевен критичар во неколку дневни весници. 
Пишува есеи од доменот на литературната теорија и критика, како и од доменот на музикологијата. Пишува исто така раскази и поезија, за што има добивано повеќе признанија. Член е на неколку летературни друштва и една организација која се залага за развој на уметноста во провинциите ширум Македонија. 
Особено го привлекува новата руска проза и филм како и новата руска теорија на литература. Го интересира современата класична музика и новиот прозен израз.

Display # 
Title Created Date Hits
НЕПРЕВОДЛИВИ ШЕГИ 23 April 2013 6513
INTER - MUSIC 23 April 2013 8234