Петер Рау

д-р Петер Рау, визитинг професор по германска книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје (од 1996 година). Добитник на плакета на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (2005). Директор на Институтот за германско-македонски академски односи – Скопје и главен уредник на научното списание „Germano-Macedonica“ – Скопје. Во периодот од 1996-2001 година бил главен претставник на Германската Служба за академска размена во Р. Македонија. Главен уредник и коавтор на Македонско-германски и германско-македонски речник (2006). Автор е на книги и статии, односно есеи од областа на: естетиката и херменевтиката, германската и другите европски литератури, историјата на епските жанри, теоријата и историјата на романот, историја на менталитети и емоции, теоријата на културата и на цивилизациските процеси... Член е на разни национални (германски и македонски) и интернационални асоцијации.

Display # 
Title Created Date Hits
GOETHE’S FLOWERS OF EVIL 23 April 2013 15425