Културната и идентитетската разноликост низ фракофонската книжевност

Културната и идентитетската разноликост низ фракофонската     

                           книжевност

 

(на примери на Гастон Мирон, Патрик Шамоазо, Тахар Бен Жалун, Катеб Јасин, Андре Шедид, Аза Хејкал, Амаду Курума, Шеик Хамиду Кане, Тјерно  Monenembo, Eduard Monik...)

                                

 

Проучувањето на литературите од франкофонските земји претставува вистински предизвик. Зашто ако на сите им е заеднички францускиот јазичен израз, овие книжевни дела, што произлегуваат од географски хоризонти на пет континенти, претставуваат книжевен корпус од различни културни и етнички идентитети, со различен социјален, политички и економски контекст. Според тоа, книжевната франкофонија потекнува од простор што носи печат на  разноликост. За елаборирање на нашето размислување, тргнuvame од еден компаративен или, подобро речено, интеркултурен приод со цел да го истражиме и да го согледаме кодот на културната и идентитетската разноликост на ова мноштво франкофонски литератури.

Проблемот на идентитетот на франкофонскиот писател упатува на дијалектиката идентитет/алтеритет. Нашиот предмет на разгледување станува општа матрица од која ќе произлезат неколку големи имиња – всушност вектори на идентитет како: Гастон Мирон, Патрик Шамоазо, Тахар Бен Жалун, Катеб Јасин, Андре Шедид, Аза Хеикал, Амаду Курума, Шеик Хамиду Кане, Тјерно Моненембо, Едуар Моник... Нивните дела што се однесуваат токму на прашањето за идентитетот, spored na{iot аспект, ни овозможуваат поточно да го согледаме начинот на препознавање на идентитетот во рамки на франкофонската плуралност, да ги осветлиме културните посебности, да ги разбереме разликите и да ги надминеме стереотипите.