Пол Рикер

Пол Рикер (Paul Ricoeur) е роден 1931 година и е современ француски филозоф, теоретичар и херменевт. Има предавано на повеќе универзитети во Франција и САД. Автор е на грандиозен филозофско-херменевтички опус. Неговото дело влијае врз развојот на критиката на значењето и на толкувањето во областа на лингвистиката, поетиката, реториката, психоанализата и историјата. Негово прво херменевтичко дело е За интерпретацијата (Есеј за Фројд), 1965, потоа следи неговото познато дело Конфликт на интерпретации (Херменевтички есеј 1, 1969), на коешто се надоврзува Од текстот кон акцијата (херменевтички есеј 2), 1986, книга во којашто се претставени неговите феноменолошко-херменевтички текстови кои ја реконституираат постхајдегеровската традиција во херменевтиката. Во неа Пол Рикер ги промислува не само прашањата кои се однесуваат на дискурсот (како дело) и текстот, туку и на идеологијата, утопијата, политиката, етиката, општественото имагинарно и човечкото делување (акција). Во средиштето на неговиот интерес влегува херменевтичката критика на хусерлијанскиот идеализам, феноменолошката херменевтика, општата херменевтика (Шлајермахер и Дилтај), преминот од епистемологија кон онтологија (Хајдегер и Гадамер), херменевтичката функција на дистанцијација, филозофската и библиската херменевтика, парадигмата на текстуалната интерпретација, идеологијата, етиката и политиката. Автор е на студиите: Жива метафора (1975),Време и Расказ (три тома, 1983, 1984, 1985), Феноменолошката школа (1986) и на уште десетина неодминливи филозофски дела.

Прикажи # 
Наслов Created Date Посети
РЕТОРИКА, ПОЕТИКА, ХЕРМЕНЕВТИКА 23 Април 2013 9157