Хосе Марија Пас Гаго

Хосе Мариа Пас Гаго е роден во Селанова, Шпанија (1958). Професор е по Теорија на книжевноста и компаративна книжевност. Тој е директор на постдипломската програма за театарски и кинематиграфски студии на Коруњскиот универзитетот во Шпанија, кадешто бил и директор на Сервисот за Аудиовизуелни медиуми (помеѓу 1996 и 2003). Доктор е по Шпанска филологија на универзитетот Овиедо, бил визитинг професор на универзитетите Калифорнија - Санта Барбара во САД, Ненси 2 во Франција, венецискиот Ка Фоскари во Италија, УНИСИНОС во Бразил, Париз 3 – Нова Сорбона, Кордоба и Росарио во Аргентина. Специјализирал на студиите за врските меѓу литературата и киното, директор е на Проектот за Истражување Аудиовизуелни литература и технологии и ко-приредувач на томот Сто години кино. Историја, теорија и анализа на филмскиот текст. Бил делегат на Галиција на Националната асоцијација за културни комеморации. Меѓу другите награди ги има освоено и новинарската награда „Перес Лугин“ 2002, „Кантата Торе де Еркулес“ и Првата награда на Хуегос Флоралес де Ла Коруња во 2004. 
Во 2005 во Мадрид ја објавува својата збирка песни Прирачник за освојување принцези. Член е на (советите на) редакциите на списанијата Primer Acto (Мадрид), DeSignis (Париз), Semiotica(Индијана), Art teatral (Валенсија), La Tabla Redonda (Виго), Ritmica (Севиља), Citania (Сантијаго), Signa (Мадрид), SituArte (Маракаибо). Уредник е на неодамна основаната ревија La Tribuna. Cuadernos de Estudios de la Casa Museo Emilia Pardo Bazan. Х.М.П. Гаго е генерален секретар на International Association for Semiotic Studies (IASS) и Претседател на Шпанската асоцијација за семиотика. Меѓу 1994 и 2004 бил генерален секретар на Латино-американската демиотичка федерација, во рамки на којашто има организирано неколку значајни конгреси во Шпанија. 
Автор е на повеќе од стотина статии и десетина книги, меѓу коишто најистакнати се: универзитетскиот прирачник Стилистика, опширната студија Семиотика на КихотТеорија и практика на наративната фикцијаРецепција на песнатаПрагматика на лирскиот текст. Неговата последна книга Чудесната машина. Технологија и уметност на Кихот, ја освои наградата СИАЛ за Есеј 2006.

Прикажи # 
Наслов Created Date Посети
ДОН КИХОТ: НАСЛЕДСТВОТО ОД ПРВИОТ МОДЕРЕН РОМАН 23 Април 2013 8389