Ана Алачовска

Ана Алачовска е родена во Охрид, 23.07.1979. Основно и средно образование завршила во Охрид. Во октомври 2002 година дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност. Добитник е на наградата 26 јули што ја доделува Амбасадата на Велика Британија за најдобар студент на општествените науки. Во 2001 година еден семестар студира на Универзитетот во Перуџа, Италија како стипендист на Владата на Република Италија. Сега е ангажирана како демонстратор по предметите Теорија на книжевноста и Книжевна херменевтика при Катедрата за општа и компаративна книжевност. Член е на редакцијата на електронското списание за компаративни студии Mirage
Беше учесник на работилницата за Другиот во 2002 година, организирана од Фондацијата Институт Отворено Општество МакедонијаГовори англиски и италијански јазик.

Прикажи # 
Наслов Created Date Посети
НИЗ ИГЛЕНИТЕ УШИ НА ДРУГИОТ 23 Април 2013 4492
ИСТОРИЈАТА И НАРАЦИЈАТА 23 Април 2013 3785
ОКОТО НА ОРАНГУТАНОТ 23 Април 2013 3120