Ана Пејчинова

Ана Пејчинова во моментов го завршува докторскиот степен на програмата Филозофија и литература при Катедрата за компартистика, на Филозофскиот факлутет, Карлов Универзитет во Прага. Има објавено три книги поезија, две книги превод на англиски и повеќе написи од областа на книжевноста, филозофијата и психотерапијата, некои од нив објавени на англиски на нејзината веб-страница (www.volny.cz/apejcinova). „Позицијата на субјектот“ е извадок од нејзината дисертација „Кристали на несвесното: Вилијам Блејк и системската парадигма на свеста.“ Ова дело се концентрира на моделот на конективитетот и поврзува некои аспекти на Постомодерната (Делез, Фуко), теоријата на системите и когнитивниот модел на аутопоиесис, со функционирањето на свеста.