Ангелина Бановиќ Марковска
Ангелина Бановиќ-Марковска (1966, Скопје, Македонија), доктор по филолошки науки: Ph.D (2002); MA (1999).
Истражува во областите: литературна теорија, културологија, семиологија. Проучува философија и антропологија. Учествува на меѓународни симпозиуми и научни конференции. Повремено пишува и уметничка проза.
Од 1998 до 2003 год. е уредник на рубриката Критика во двојазичното електронско списание за литература, визуелни уметности, музика и театар – Блесок/Shine (www.blesok.com.mk).
Автор е на книгите:
1. Интерпретативни стратегии: теориско-критички есеи (Ѓурѓа, Скопје, 1999)
2. Ликови-антагонисти (Магор, Скопје, 2001)
3. Хипертекстуални дијалози (понудено за публикување 2003)
E-mail: [email protected]
[email protected]