Деспина Ангеловска

Деспина Ангеловска (1971 г., Скопје). Магистрирала на Институтот за театарски студии, Paris III, Sorbonne Nouvelle во 1995 г. Докторирала на Катедрата за компаративна книжевност при Филолошкиот факултет “Блаже Конески”, Скопје, во 2005 год. Нејзината докторска дисертација е посветена на драматургијата на современиот француски драмски автор, Бернар-Мари Колтес. Од 1997 до 2001 год. работи како асистент на Факултетот за драмски уметности, на предметот македонска драма. Од 2003-2005 год. таа е ангажирана како драматург во Драмскиот театар-Скопје, а од 2004-2005 год. како надворешен соработник на Катедрата за превод и толкување, при Филолошкиот факултет “Блаже Конески” - Скопје. Во моментов работи како виш истражувач при Институтот “Евро-Балкан”-Скопје и активно соработува со Истражувачкиот центар за родови студии каде е ангажирана и како предавач на Школата за род и политика. Член е на издавачкиот одбор на списанието Идентитети, во издание на ИЦРС, Скопје. Ангеловска е автор на бројни студии и трудови од доменот на театрологијата и теориската драматургија, родовата и културалната теорија, како и на бројни преводи на книжевни и филозофски дела од француски на македонски јазик.

Прикажи # 
Наслов Created Date Посети
СТРАНЕЦОТ ВО ТЕАТАРОТ НА БЕРНАР - МАРИ КОЛТЕС 23 Април 2013 15601