Елисавета Поповска

М-р Елисавета Поповска (1969, Скопје, Македонија) е асистент по предметот француска книжевност на Катедрата за француски јазик и книжевност, Филолошки Факултет „Блаже Конески“- Скопје. Во 2000 г. магистрира на тема „Феноменот на патувањето кај Маргерит Јурсенар – литературна транспозиција на искуството од Ориентот“. Докторант од областа на француската книжевност на Филолошкиот Факултет во Скопје. Поле на научно-истражувачки интерес: француски роман на дваесеттиот век, автобиографија/автофикција, нефикциски жанрови, интертекстуалност. Член е на меѓународната асоцијација за проучување на делото на Маргерит Јурсенар (SIEY). Се занимава со преведувачка активност од француски на македонски јазик и обратно и повремено публикува есеи и критички студиии од областа на француската книжевност.