Емина Авдиќ

Емина Авдиќ е родена во 1966 год. во Скопје. Основното и дел од средното образование завршува во Кемптен, СР Германија, а гимназиското образование во гимназијата „Орце Николов“ во Скопје. Во 1985 год. се запишува на Филолошкиот факултет Скопје, група за германски јазик и книжевност, каде дипломира во 1989 год. Од 1989 год. до 1996 работи во повеќе скопски средни училишта како професор по германски јазик. Во 1997 год. е примена на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје како помл. асистент за предметите методика на наставата по германски јазик и теорија и практика на преведувањето. На постдипломски студии, насока германска книжевност се запишува во 1998 год. 
Автор е на повеќе трудови, во кои нејзиниот интерес, пред сè, е насочен на педагошка, научна и публицистичка работа од областа на наставата по германски јазик и теоријата на преведувањето. Освен тоа се бави и со преведување на литературни и научни текстови од и на германски јазик.