Жан Бесиер

Жан Бесиер поврзан е со париската Сорбона преку дел од своето образование, како и со одбраната на докторскиот труд во 1976, на тема? „Прогонството и литерарната креација? татковината во спротивен правец? американските писатели на изгубената генерација и Франција, 1917-1935“.
Неговото име и неговата професорска кариера се поврзани со имиња на многу престижни универзитети во светот? Универзитетот во Индијана, Универзитетот Станфорд, Универзитетите во Монтреал, Руен, Парис 10…, како и со француските министерства за истражување и технологија и за образование. 
Ж. Бесиер е бивш претседател на International Comparative Literature Association, автор на осум трудови од областа на литературата (Да се каже литерарното, 1990, Енигмата на литературата. За една анатомија на современата фикција, 1993, Литературата и нејзината реторика, 1999) и уредник на преку четириесет други дела. 
Денес работи како професор по Компаративна и француска книжевност на Сорбона (Парис 3), претседател е на центарот за компаративни истражувања на истиот универзитет, шеф на одделот за докторски студии од областа на општата и компаративна книжевност, член на уредувачкиот тим на Literary research и на The Canadian Review of Comparative Literature. 
Пред вас е оваа куса биографија на Ж. Бесиер, со напомена дека горенаведените се само дел од неговите моментни ангажмани и минати постигнувања.