Ирена Перчинкова Патон

Ирена Перчинкова-Патон е дипломиран англист на Филиолошкиот факултет, Универзитет Кирил и Методиј -Скопје. Моментално предава и работи на магистерскиот труд на Универзитетот Вашингтон во Сиетл, САД. 

Перчинкова-Патон има објавено бројни преводи од англиски и италијански: (Градење и уривање) Building and Unbuilding, (со Драги Михајловски) збирка поезија на Јован Павловски; Збирка поезија-Михаил Ренџов, (со Драги Михајловски), Струшки вечери на поезија; Ноќен воз (Night Train), (со Драги Михајловски) збирка поезија на Бренда Вокер; Италијански за бизнисмени,L’Italiano per i Businessmen, македонско-италијански разговорник за бизнисмени; во соработка со Просветно дело ги има објавено следните преводи на книги за деца: Хроники на минатото (Cronache dell passato), Прошетка во иднината , (Quatro passi nel futuro),Диносаурси (Dinossauri) иЧовечка машина (Il Macchina Uomo).

Перчинкова-Патон има објавено поезија и раскази во списанијата Развиток и Студентски збор, како и во дневникот Нова Македонија. Како добитник на втора награда за расказ на Студенстки збор, расказот Будење на мртвите е објавен во збирката Некои мали нешта.

Прикажи # 
Наслов Created Date Посети
ДИЈАЛОШКИОТ НАРАТИВ И ЖЕНСКИОТ ТЕКСТ НА ТОНИ МОРИСОН 23 Април 2013 6096