Ирина Талевска

Ирина Талевска (1983). Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје во 2006 година на Групата за италијански јазик и книжевност. Запишана е на постдипломски студии на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Од ноември 2005 година е ангажирана како демонстратор по италијанска книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје. Остварила неколку студиски престои во Италија, на Универзитетите во Бари и Перуџа. Во периодиката објавила неколку свои текстови и преводи од италијански јазик.