Искра Донева

Искра Донева е родена на 20 јули 1983 година во Скопје. Чита, пишува и објавува од нејзината седма година. Во 2000 година на јавноста и се претставува и со првата стихозбирка „Говорот на срцето“. По основното образование и природно - математичката гимназија кај неа претежна љубовта кон пишувањето и таа се најде меѓу компаратистите на светската книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески – Скопје, каде сега е на постдипломски студии. Членува во поетскиот кружок „Мугри“ и објавува во истоимениот алманах. Дел е и од клубот „УНЕСКО: Живите јазици – прозорец кон светот“ и од повеќе литературни читања и перформанси. Последниве години, во периодиката е застапена во: „Огледало“, „Феникс“, „Мравка“, „Спектар“, „Наше писмо“... и во бугарското електронско списание “Литернет“ ( http://liternet.bg ). Некои делови од нејзиното творештво се достапни и на англиски, француски, полски и бугарски јазик. Преведува од англиски и француски. Како плод од нејзината страст кон најкусиот лирски жанр, во 2006 се појавува и хаику збирката “Кој ќе ги згрее птиците“. Наскоро од печат треба да излезат уште две книги есеи и поезија. Во изработка е и нејзиниот блог: iskri.blog.com.mk

No articles found