Ката Ќулавкова

Katica KulavkovaКата Ќулавкова (1951) - поет, книжевен теоретичар, есеист, антологичар, универзитетски професор по предметите Теорија и методологија на книжевноста и Книжевна херменевтика (со креативно пишување). Магистрира на Филолошкиот фалкултет во Скопје. Докторира на Загребскиот Универзитет, Хрватска. Работи како редовен професор на Филолошкиот факултет "Блаже Конески" во Скопје, на Катедрата за општа и компаративна книжевност. Два пати била шеф на Катедрата за општа и компаративна книжевност. Таа е почесен потпретседател на Македонскиот П.Е.Н. Центар. Претседател е на Комитетот за превод и јазични права на Меѓународниот П.Е.Н. Основач на првото електронско компаратистичко списание Мираж/MIRAGE. Уредник на повеќејазичната е-едиција РАЗНОЛИКОСТDIVERSITY. Била раководител на повеќе истражувачки проекти и учесник на меѓународни проекти, меѓу другите и на проекти посветени на проблематиката на Другиот (Скопје, Истанбул, Харвард). Раководител е на ХЕСП Проектот при Катедрата за општа и компаративна книжевност. 
Книги
поезија:Благовести, 1975;Акт, 1978 Нашиот согласник, 1981; Нова пот, 1984; Невралгични места/Неуралгична места, 1986; Дива мисла(избор), 1989; Жедбипрестапни песни, 1989; Домино, 1993; Изгон на злото (поетска драма), 1997; Time Difference, Skopje, 1998 - превод на англиски Ilija Casule, Tomas Sapkott); Via lasciva, Saint-Nazaire, 1998, превод на француски Harita Wybrands); Предигра (авторски избор), 2000; Меѓусвет, 2000;раскази: 1989 - Друго време (куси, поетски раскази); поетика, есеистика, критика:  Фигуративниот говор и македонската поезија, 1984; Стапка и отстапка, 1987; Одлики на лириката, 1989; Копнеж по систем (избор), 1992; Потход и исход, 1996 Камен искушител, 1997; Тетратки, 1997; Теорија на книжевноста - увод, 1999; Мала книжевна теорија, 2001, Поетика лирике, Београд, 2001. 
Приредени изданија
: 1985 - "Манифестите во македонската книжевност", Стремеж 10; 1988 -  Трепет, избор од поезијата на Десанка Максимовиќ, со предговор; 1988 - Поезијата и јазикот (зборник текстови), 1992 -  Маски, избор од поезијата на Матеја Матевски, со предговор; 1993 - Избор од поезијата на Ацо Шопов, со предговор; 1996 - Црни овци антологија на светскиот расказ, со предговор и белешки за авторите; 1998 - Феминистички стратегии; 2000 - Тајна одаја, македонскиот расказ на ХХ век, Скопје, Три; Anthologie de la nouvellle macedonienne, Paris, UNESCO, 2002; Македонскиот есеј, избор и предговор, Прилеп, 2000; Maketa (makedonskiot kus raskaz), Beograd, 2001; Caesarean Cut, Macedonian Short Stories, 2001 i dr. 
Електронски изданија
: Web site: http://www.kulavkova.org.mk Презентација на македонскиот современ расказ, Caesarean Cut, http://www.e-books.com.mk/cut; Expulsion du mal (poetry drama), translated into French Harita Wybrands, http://www.pen.org.mk (P.E.N. Review, issue 2000); CD-ROM:Between World, Expulsion du Mal etc(http://www.kulavkova.org.mk). 
E-Mail: [email protected]