Ким Су Хван

Ким Су Хван е асистент професор на Универзитетот за странски јазици Хангук лоциран во Сеул, Јужна Кореја. Дипломирал на државниот универзитет во Сеул, а докторирал на Институтот за руска литература, Руска Академија на Науките и Уметностите. Покрај руската култура и литература, се интересира и за семиотика на културите (Јуриј Лотман), културни студии, филмски студии, како и меѓукултурен дијалог. Автор е на Основни аспекти на творечката еволуција на Ј. М. Лотман (Osnovnye aspektyi tvorcheskoi evoluti Yu. M. Lotmana; Москва, 2003), Семиосфера(Semiosphere; Сеул, 2008) и Инваријантите во кино-естетиката на Ким Ку-Дук (Les invariants de l'esthetique du cinema de Kim Ki-duk; Брисел, 2009).