Јасмина Мојсиева - Гушева

Јамина Мојсиева – Гушева (р. 1964), д-р. Работи како виш научен соработник во Одделението за мекедонско – балкански книжевво – историски врски во Институтот за македонска литература кој функционира во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија. Дипломирала во 1986 година, на Филолошкиот факултет во Скопје, на Групата за општа и компаративна книжевност. Постдипломски студии завршила на истиот факултет, на Групата за македонска и јужнословенски книжевности, каде во 2001 година ја одбранила докторската дисертација Книжевното дело на Живко Чинго. 
Раководител е на Одделението за македонско – балкански книжевни врски и уредник на списанието Спектар. Во својата долгогодишна истражувачка работаостварила неколку научно – истражувачки на балканските простори и учествувала во повеќе научно – истражувачки проекти. Била раководител на меѓународниот проект Сродност помеѓу балкаснките литератури (Реално – Имагинарно) (Институт за македонска литература, Скопје, 2002 – 2004) и активен соработник во истражувачките проекти Македонско Југословенски книжевни врски ( Институт за македонска литература, 1988 – 1998); Феноменот Љубов во балканските литератури и култури, ( Институт за македонска литература, 1998 – 2000); Македонска проза во балкански контекст (Институт за македонска литература, Скопје, 2001 – 2004), Македонски книжевен лексикон (Институт за македонска литература, Скопје, 2001 – 2006), Балканските идентитети во Бугарската култура (Институт за литература, Бан, Софија, 2001 – 2005) Литературата на крајот од векот ( Универзитет „Неофит Рилски“, Благоевград, 2005 - ). 
Пишува есеи и студии од областа на балканистиката, компаративната книжевност, и македонистиката. Автор е на книгите Трагикомичното кај Чинго (1997), Лице и опачина (2000), Чинговата апартна поетика (2001), и Македонско – српски и српско – македонски книжевни врски (2002), Изгубениот хуманизам (2004). Се јавува и како коавтор на книгите Македонската драма 19-ти и 20-ти век (1990), Феноменот Љубов во балканските литератури и култури (1999), Реторика на љубовта (2001).