Лидија Капушевска-Дракулевска

Лидија Капушевска-Дракулевска (1962). Доцент на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје (курсеви: „Романтизмот во европските литератури” и „Симболизмот во европските поезии”). 
Образование
: Дипломира на Филолошкиот факултет во Скопје, Катедра за општа и компаративна книжевност, 1985. Магистрира на Универзитетот во Белград, 1992, на тема: „Фантастичниот расказ во македонската литература”. Докторира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, 2000, на тема „Модерните поетски струења во Европа и современата македонска поезија: симболистички и надреалистички импулси”. 
Објавени книги
Во лавиринтите на фантастиката (1998) и Поетика на несознајното (2001). Составувач е на Антологијата на светската лирика (1994) во коавторство со Маја Бојаџиевска, како и на антологијата на скопски раскази Ден во Скопје (1998). Објавува студии и есеи од областа на книжевната фантастика, толкувањето на поетските текстови и компаративното проучување на книжевните феномени.