Лилјана Тодорова

Лилјана Тодорова (1934) долгогодишен редовен професор на Катедрата за романски јазици и книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” – Скопје (сега во пензија). 
Образование: дипломиран професор по француски јазик и книжевност (1958); доктор по филолошки науки (теза: „Xavier Marmier et les Slaves du Sud“, 1971, наградена со Лауреат на Академијата на на науките и уметностите на Безансон и Франш- Конте - Франција за 1972 и публикувана во Париз, POF,1980). 
Странски член на Académie des Sciences, Belles-Lettres et Arts de Besançon et de Franche-Comté, во Франција (1972) 
Функции: декан на Филолошкиот факултет (1979-1981; 1995-1997); претседател на Друштвото за културна соработка Македонија-Франција; член на Одборот за култура при Југословенската комисија за соработка со УНЕСКО (1980-1985); член на Извршниот комитет на Меѓународната асоцијација за компаративна книжевност (1982-1985); делагат во Сојузното собрание на поранешна СФРЈ (1982-85); вонреден и ополномоштен амбасадор на поранешна СФРЈ во Западна Африка (Република Гвинеја, Реп. Гвинеја-Бисао и Реп. Сиера Леоне (1986-1990); претседател на Асоцијацијата на професори по Француски јазик на Република Македонија; претседател на Асоцијацијата за културна соработка Македонија – Канада; член на Сенатот на Универзитетот во Скопје (1994-1995); член на Европското друштво за култура (S.E.C.) (со седиште во Венеција) и Генерален секретар на Македонскиот центар на Европското друштво за култура на Р.М (од 2005 год. и денес). 
Објавени книги: Le Rayonnement de Molière en Yougoslavie (AIFZ, 1975, Zagreb); Les Slaves du Sud au XIXe siècle vus par Xavier Marmier (1980,Paris); Влогот на книжевната комуникација (2002);Панорама на франкофонските литератури (2002); Книжевни интерференции (во македонско-француски и европски корелации) (2006). 
Автор на повеќе од 150 стручни и научни трудови (на француски, македонски и српски јазик) од областа на француската, франкофонската, компаративната и јужнословенските книжевности, како и француско-македонските книжевни релации. 
Одликувана со високи француски одликувања: Chevalier de la Légion d’Honneur (1983); Commandant de l’Ordre des Palmes Académiques (1984); Југословенски орден: Орден на трудот со златен венец (1979).