Мајкл Рифатер

Мајкл Рифатер е професор на Колумбија Универзитетот. Целиот свој живот го посветува на проучувањето на литературата. Рифатер не ја разгледува литературата како конзистентен корпус на текстови, во едно определено раздобје, туку ја промислува категоријата на литерарноста во склоп на книжевноста, заменувајќи ја книжевната историографија со теорија на литературата. Поедноставено, тоа значи, да се опишат процесите преку кои еден текст станува уметничко дело. Неговите научни расправи ја обработуваат проблематиката на влијанијата што ги врши еден текст; опстојувањето на уметничките дела и покрај константната промена на вкусовите; улогата на читателот и пронаоѓање на специфичните механизми што ја водат и контролираат читателската интерпретација сè до она ниво на кое стануваат ирелевантни размислувањата и интенциите на авторот. Релевантноста на уметничкото дело, пред сè се содржи во неговата форма, во лингвистичките и семиотичките процеси кои се отпорни на варијабилноста на читателската перцепција. Својот придонес во оваа област Рифатер го дал преку своите дела кои ја обработуваат естетската рецепција на текстот, како што е книгата Есеи за структуралистичката стилистика (Essays of Structural Stylistics), 1971; го обработуваат проблемот на заменувањето на лингвистиката со семиотиката Семиотика на поезијата (Semiotics of Poetry), 1984 и Продукција на текст (Text Production), 1979. Неговата теза за границите на толкувањето го доведе до дефиницијата на разбирањето како потешкотија во читателскиот процес ( на пример автоматизираното пишување на француските надреалисти) и до развивање на т.н. граматика на книжевноста, во неговото дело Фикциска вистина (Fictional Truth), 1990. Во моментов работи врз романтичарската поезијата, ekphrasis, песните во проза и Пруст.

Прикажи # 
Наслов Created Date Посети
ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ЧИТАТЕЛСКИ ОДГОВОР: ИНТЕРТЕКСТУАЛЕН ПРАВЕЦ 23 Април 2013 8220