Марија Проскурнина

Марија Проскурнина, род. е 05.08.1973 во Перм, Русија. Го заврши Пермскиот државен универзитет, на Катедрата за странска книжевност. Ја одбрани првата дисертација во Русија, којашто е комплетно посветена на македонската литература „Македонскиот роман од 1980-90-те години во југословенскиот книжевен контекст. Главни тенденции, типологијата на жанрот„ 
Вработена е во Институтот за славистика при РАН, а воедно и предава македонска литература на два универзитети во Русија (Москва и Перм). Автор е на повеќе од 30 научни труда за македонскиот роман, за модернизмот и за постмодернизмот во словенските литератури