Марина Мијаковска
Марина Мијаковска (1984) дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност. Моментално е на постдипломските студии на истата Катедра. Посетувала предавања на курсевите за родовите студии во Институт ЕвроБалкан - Скопје. Пишува есеи, поезија и книжевни критики. Објавува во: Наше писмо, Репер, Лоза и др. Ја подготвува својата прва поетска книга.