Марта Маркоска

Марта Маркоска е родена на 29.06.1981 година, во Скопје. 

Дипломирала на Катедрата за Општа и компаративна книжевност, на филолошкиот факултет Блаже Конески во Скопје, а магистрирала на Интердисциплинираните Културолошки студии во книжевноста, при Институтот за македонска литература во Скопје. 

Маркоска, од неодамна е член на Друштвото на писателите на Македонија и досега има објавено 3 авторски книги: збирката есеи Хипер Хипотези (2011 год.), збирката раскази Вител во Витлеем (2010 год.) и збирката песни Сите притоки се слеваат во моето корито (2009 год.). 

Марта Маркоска, од скоро е застапена во три антологии: Антологија на младата македонска поезија: „Лирски Додекамерон“ (Струшки вечери на поезијата, 2012), Антологијата на поезија и проза: „Ветерот носи убаво време“ (Матица, 2012) и во Антологијата на македонскиот современ расказ (Феникс, 2012). Таа свои текстови објавувала и во научните списанија: Спектар иКултурен живот, во списанието за книжевност и култура АКТ, во електронскиот конкурс за литература, Електролит, во списанијата СтожерМаргина, критички осврти за филмови, раскази и песни во списанието Книжевно житие, научни трудови и коментари во збирките текстови: Елитна и масовна култура и Вкалапувања. Исто така, нејзини раскази се објавувани и во збиркитеЗборници на поезија и кратка проза на младите од просторите на поранешна Југославија. Пишувала рецензии за филмови и текстови од областа на културата и современите културни текови на неколку македонски интернет страници. 

Меѓудругото, Маркоска веќе 6 години е активна и на музичката сцена во Македонија, како перкусионист и лидер во музичкиот џез состав Josephine’s Suspenders. Зад себе има два театарски мултимедијални перформанси, а е музички илустратор и на неколку документарни филмови. 

Во слободното време, таа изработува икони во техники од дрво и восок. Најголемиот број од нив ги подарува на црквите и манастирите во Македонија.