Михаил Епштајн

Михаил Епштајн е роден во Москва 1950 година. Автор е на повеќе од двеста објавени трудови и единаесет книги. Од 1991 година предава книжевност, семиотика и филозофија на Емори универзитетот во САД. 
Во центарот на неговиот истражувачки интерес се книжевните и интелектуални движења во Русија, во текот на втората половина на 20 век. Во своите истражувања ги користи структурално-семиотичкиот и пост-структуалистичкиот теориски апарат. Епштајн е првиот којшто ги проучил правците во руската книжевност во седумдесеттите и осумдесетите години на 20 век: метареализам, презентализам и концептуализам, како и мноштво естетски и интердисциплинарни проблеми настанати со спојот на книжевноста со другите области на културата: теорија на есејот, теорија на играта, "лирски музеј"…. 
Од 1980 до 1990, Епштајн развил неколку нови правци во проучувањето на руската книжевност: 1) го втемелил статусот на културологијата и „транскултурата“ како целовити хуманистички науки и посебни области коi настануваат на границите на различните култури; 2) ги изучува влијанијата на религијата, особено "религиозното несвесно" врз развојот на книжевноста и културата во времето на советскиот масовен атеизам. 
Епштајн го истражува феноменот на рускиот постмодернизам и советскиот марксизам како идеолошки систем. Неговото дело After the Future : The Paradoxes of Postmodernism and Contemporary Russian Culture е едно од првите дела што го толкува рускиот постмдернизам како целовит уметнички, идеолошки и методолошки феномен.

No articles found