Јасминка Марковска

Име: Јасминка Марковска 
Дата на раѓање:
 16.02.1980 
Место на раѓање
: Скопје, Р. Македонија 
Завршено образование:
 Основно Училиште „Блаже Конески“ - 1994 г. со осдличен успех; Природно математичка гиназија: „Раде Јовчевски - Корчагин“ - 1998 г. со одличен успех; моментално студент на катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје. 
Во учебната 2000/2001 г. студент на Rutgers University, NJ, USA, како стипендист на УЕП програмата спонзорирана од ОСИ, при што изборот на предмети е од областа на компаратистиката, теоријата на книжевност и родовите студии. 
Други достигнувања и учества во проекти:

1. Награда за режија, сценографија и кореографија на кинетичката драма „Ѕидови“ изведена во гимназијата „Раде Јовчевски - Корчагин“ за која имаше полчасовна дебата во МРТВ, 1997 г. 
2. Објавувани есеи во „Студентски збор“ 1999-2000 г. 
3. Учество во Студиото за креативно пишување и херменевтика иницирано 2001 г. при Катедрата за Општа и Компаративна Книжевност. 
4. Учество во редакцијата и активен учесник во формирањето на „МИРАЖ“ - списание на студентите од Катедрата за Општа и Компративна Книжевност . 
5. Административен координатор и преведувач на МАТИНД - програм за Балканско-Европска соработка.