Наташа Аврамовска

Наташа Аврамоска работи како научен истражувач во Институтот за македонска литература, Скопје, Катедра за теорија на книжевноста и компаративна книжевност. 
Од 1985 започнува да објавува есеи, студии, огледи во македонската и странската научна периодика. 
Се занимава со наратологија и драматологија. Нејзина специфична област на интерест е анализата на македонската проза и драма особено прагматичкиот контекст на книжевната комуникација во сооднос со идеолошките аспекти на денешницата. 
Таа ги објавила кнгите: Травестија на оралната историја. Наративниот криптограм на Петре М. Андреевски. Менора, Скопје, 1999 и Ex libris, Менора, Скопје, 2000.