Небојша Вилиќ

Небојша Вилиќ (р.1962), д-р. Вонреден професор на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Неговиот професионален интерес се движи од уметничка критика преку теорија на уметноста до теориски толкувања на дигиталните уметности и субалтерната позиција на културите од третиот свет. Автор е на преку 100стручни трудови, на 5 книги и приредувач на уште 5 други. Курирал преку 50 изложбиво Македонија и надвор од неа и учествувал на преку 30 меѓународни симпозиуми и конференции. Член на повеќе совети и одбори на проекти врзани за локалните и регионалните културни политики. Во периодите: 1986 – 87 бил уредник на ликовната програма на домот на младите „25 Мај“, Скопје: 1988 – 97 бил помлад асистент при институтот за историја на уметноста со археологија, Философски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје; член е на македонската секција на AICA од 1993 год.; 1994 – 98 е директор на Сорос Центарот за современи уметности – Скопје, Македонија; од 1999 е претседавач на ЗГ „359 – Мрежа за локални и субалтерни херменевтики“, Скопје и од 2002 е уредник на меѓународното списание Concrete Reflection, The Journal of Peninsular Topics од Скопје; од 2003 е член на Советот за култура на министерот за култура на Република Македонија; од 2005 е член на агенцијата за евалуација на Одборот за акредитација на високото образование во Република Македонија и хонорарен предавач на Факултетот за ликовни уметности, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. 
Тековните истражувања, под наслов Политичка уметност се однесуваат на позицијата на „уметноста со релација“ со/во/од/ во име на социеталната заедница.

Прикажи # 
Наслов Created Date Посети
ПОЛУОСТРОВСКИ ПОЈАДОК 23 Април 2013 17944