Никола Маџиров

Никола Маџиров е роден 27.05.1973 во Струмица. Објавува поезија, есеи и преводи. За поетската збирка Заклучени во градот (1999) ја добил наградата за дебитантска книга Студентски збор, а за Некаде никаде (1999) наградата Ацо Караманов. Во 2004 година ја објавува збирката собрани песни Во градот, некаде. За поезијата од неговата најнова поетска книгаПреместен камен (2007) ја добива европската поетска награда Хуберт Бурда и наградата Браќа Миладинови. Неговата поезија е преведена на осумнаесет јазици и објавувана во избори и антологии во земјава и странство. Според неговата поезија снимени се два краткометражни филмови во Софија и Загреб. Бил учесник на повеќе меѓународни поетски фестивали и добитник е на неколку меѓународни признанија и стипендии. Уредник е за поезија во електронското списание Блесок и координатор за Македонија на интернационалната поетска мрежа Lyrikline.

Прикажи # 
Наслов Created Date Посети
НАПУШТАЊЕ НА ВРАЌАЊЕТО 23 Април 2013 16112
КАМЕНОТ И КОПНЕЖОТ НА ВРАЌАЊЕТО 23 Април 2013 9775