СЛИКАТА НА „ДРУГИОТ“

Недрет Куран Бурчоглу

Вовед

      „Другоста“ е комплексен феномен кој што го привлекувал вниманието на голем број мислители и учители од различни дисциплини коишто го интерпретирале и дефинирале на различни начини, ги објасниле неговите импликации како и неговите функции.  Филозофите, антрополозите, психолозите, социјалните психолози, социолозите, имагологистите, експертите во феминизмот, постколонијалистите, студиите за хомосексуалците и лезбејките, и постструктуралистите што опширно елаборирале за различни аспекти од овој феномен.
      Целта на овој разговор е да се елаборира влијанието што претставувањата на „другиот/-те“ го има за цел на разговорот врз взаемните односи, т. е.  влијанието на односите меѓу „претставеното“ и „восприемачите на претставеното“.  Но, пред да пристапам кон оваа тема ќе споменам неколку општи аспекти на „другиот“ дефинирани од некои добро познати современи теоретичари и ќе укажам на нивните различни функции.  На крајот би сакала да направам неколку критички осврти кои се однесуваат на создавањето и рецепцијата на овие претстави за „другиот“.


Кој  е  „Другиот“?

      Постојат различни одговори на ова прашање во зависност од контекстот.  „Другиот“ може да биде дефиниран од социо-политички аспект, како „етнички другиот“, „религиозно другиот“, „расно другиот“ или во однос на полот, како „другиот пол“, на пример: „ жената“ , „лезбејката“ , „хомосексуалецот“ , „транссексуалецот“ или „другиот“ може да има политички тонови, „другиот“ како „колонизираниот“ , како „национално другиот“ итн.  Скоро сите овие концепти се полни со конотации, во најголем број пејоративни по природа, кои имплицираат „маргиналност“ , „недостаток“ , „ назаденост“ , но тие исто така може да имаат и позитивни конотации, кои означуваат „привилегираниот“ , „оној кој е префериран“, односно некој или група на лу?е на кои може да им се завидува, што многу често ги рефлектира чувствата на „потиснатиот“ , „оној врз кој се доминира“ и „маргинилизираниот“ наспроти „другиот“.
      Француската феминистка Симон де Бовуар го користи терминот „другиот“ во нејзината книга насловена „Вториот пол“ (1948) во смисла на „жената“ спротивставена на „мажот“, тој како „субјект“ а таа како „објект“, односно „другиот“.  Ова се смета за синтеза на концептот на Хегел откриен во неговата книга „Phenomenologie des Geistes“ и егстенцијализмот (Melanie Sehton in  Makary  1994:620).
      Американската феминистка Kate Millet во книгата „Sexual Politics“ ( 1969), го интерпретира концептот на „другиот“ како инструмент во институционализирањето на машките норми.

      Сепак, други феминистки како Luce Irigare, Јулија Кристева и Helene Cihous, тврдат дека концептот на „жената“ како „другиот“ конотира недостаток, „инфериорност“ , „слабост“  и слично, што го индуцирало феминистичкото пишување кое за возврат служело на „спасувањето на жената“. 
      Друга дефиниција на „другиот“ е направена од францускиот психоаналитичар, постструктуралист Jaqcues Lacan.  Како и концептот на de Beauvoir, така и концептот на Лакан потекнува од Хегел и егзистенцијалистите.  Неговата идеја за „другиот“ е полисемички концепт кој не се однесува само на жените, туку и на мажите.  Според теоријата на Лакан за идентитетот, за време на формирањето на „миррор стаге“, детето учи да се сфаќа себе си како стабилна форма, но ова го прави само со слика која не е сосема идентична на себе си, туку на „другиот“ и „странецот“.  Според тоа, неговата слика за себе си е конструирана со погрешна идентификација.  За Лакан „другиот“ е всушност локус на сили  кои ја овозможуваат важноста на субјектот, перманентно фрагментиран и во вечно робство на желбата.  Лакан се разликува од де Беаувоир по тоа што тврди дека „другоста“ не е надворешна категорија, туку внатрешна и непроменлива состојба на човечкото постоење.  Според него, кога жената ќе стане „другиот“ за мажот, таа станува корелативна за недостатоците на мажот и го афирмира неговото себство.
      Франтз Фанон, кој е еден од еминентните постколонијалистички автори, во неговата книга „Black Skin White Masks and the Wretched of the Earth“ (1967,68), го дефинира „колонизираниот“ како „другиот“, т. е.  личност која не е способна да го брани „сопствениот идентитет“.
      Еден од најпознатите современи книжевни критичари, Edward Said, елаборира во својата книга „Orientalism“ како луѓето од средна Европа биле перцепирани како „други“, т. е.  како „инфриорни“ , „назадени“ , „необразовани“ , „невешти“ , „нецивилизирани“ и како ваквата извртена стереотипна слика била користена на Западот со рационалниот и оправдувачки „расизам“ и „колонијализам“.
      Имаголозите, од друга страна, кои во литературата го проучуваат претставувањето на туѓите култури, земји, луѓе итн. , се обидуваат да го гледаат „другиот“ низ објективна, наднационална, надетичка перспектива и да го истражат почетокот на неговото постоење.  Во тој поглед, со претходно цитираните теоретичари го делат мислењето дека „другиот“ се разликува од себе (другост) или „странецот“ се разликува од себе (различност).  Како што тврди Хуго Дасеринк во својот напис „The Comparative Study of Literature and the Problem of National and Cultural Identity-an Imagological Vision“, „ се нуди можност за анализа на сликата или идејата на една култура од страна на друга, како што е изразена во нејзината литература, со цел на тој начин да се откријат истовремено и „хетеро-сликите“ и „авто-сликите“ на дело во овој „интернационален механизам и да се препознае целосната експанзија на нивното значење“.
      Откако цитирав некои од дефинициите на современите теоретичари за „другиот“ и нивните пристапи кон „другиот“, би сакала да разгледам некои од функциите кои „другиот“ ги исполнува во човечките животи.

 

Кои се функциите на концептот за „Другиот“, за која цел може да служи „сликата за другиот“?
      „Сликата на другиот“ може да исполни различни функции во човечкиот живот. Повеќето од нив можат да бидат категоризирани како „психолошки функции“.  Најнапред „другиот“ е потребен за формирање на идентитетот на личноста, како и на група на луѓе и нација.  Постоењето на „другиот“ помага како создавачка сила во почетниот стадиум на формирање на идентитетот, исто како и во процесот на зачувувањето и на трансформирањето на „себе-идентитетот“, бидејќи идентитетот не е статичен феномен, туку е појава која се менува континуирано под влијание на посебни околности.  Како што словенечкиот теоретичар Жижек јасно истакнал, при појавувањето на новите нации, „другиот“ е потребен како објект, против кого луѓето би се обединиле и би го сметале за „заеднички непријател“.
      Турците во одреден период од нивната историја им служеле на Европјаните токму за исполнување на ваквата цел, односно го претставувале „другиот“, против кого се обединила Европа.  Тие биле сметани и прикажувани како „непријател на Христијанството“, „како антихрист“, „сензуално копиле“, кое го поткопува интегритетот на Христијанството (земено од серија говори на Martin Luther:„Vom Kriege wider den Turken“ (1529), „Ver Machunung zum Gebet wider den Turken“ (1541). Тоа било за време на периодот кога Отоманската Империја била сеуште моќна.  Подоцна, кон крајот на 19-от век, времето кога моќта на Отоманската Империја почнува да слабее, сликата за Турчинот како „другиот“ симболизирала мета од субјектите на Отоманската Империја против која што Европјаните требале да се борат и да ги спротивстават своите национални идентитети. Ова се примери за функциите на другиот, кои служат за обединување на силите и ослободувањето на сопствениот идентитет/националност наспроти „другиот“, како колективен непријател, но истовремено служат и за деструкција на она што „другиот“ го претставува.
      „Сликата на другиот“  во пејоративна смисла го означува „другиот“ како „слаб“, „заостанат“ , „нецивилизиран“ , „неспособен да се владее себе си“ , што може да служи за „оправданост“ на нечија „доминација“ и „хегемонија“ на индивидуата, одредена група на луѓе или пак нација. Актерите на насилство, агресија, дискриминација, сегрегација, расизам и колонијализам, имаат широка употреба на оваа функција на „сликата на другиот“. Сликите на ориенталистите, говорот на омразата во печатот и другите медиуми, исто како и другите говори, илустрации и есеи со провокативни импликации, се примери на такво прикажување на другиот, кое вообичаено е исполнето со предрасуди и стереотипи. Злите намери зад овие екстремни примери на прикажување, можат да доведат до пострашни непријателства, ксенофобија, етничко чистење, геноцид или други штетни последици за човештвото. Ова се екстремните/хазардни влијанија на „сликата на другиот“, кои мораат да бидат избегнати.

 

Форми на претстави за „Другиот“
      Претставите за „другиот/-те“ можат да бидат презентирани на јавноста во различни форми и преку различни начини. Тие можат да бидат јавни или тајни во зависност од намерата зад таа презентација. Можат да бидат претставени како информативен, уметнички или провокативен литературен, визуелен или аудио-визуелен текст. Овие форми пак, можат да варираат од историски книги, патнички карти, новели, драми, бајки, илустрации, слики, цртани филмови, реклами, научни книги, интервјуа, уводни статии, преведени текстови, забавни емисии, написи во дневниот печат итн.  Преку добро развиените медиуми на нашата земја, тие можат да допрат до восприемачите за многу кратко време и да влијаат на нивната перцепција на „другиот“.
      Целта на имагологијата е да ги проучува акцентираните социо-културни причини и идеологии кои дејствувале за време на процесот на формација и трансформација на овие слики.  Исто така има за цел да истражи од која гледна точка на која „авто-слика“ овие „хетеро-слики“,односно сликите за „другиот“, биле создадени и на тој начин да ја подигне свесноста на луѓето за тоа како и под кои околности ваквите слики се појавиле.

Позитивни и негативни влијанија на претставите за „Другиот“ врз восприемачите

      Фер и објективното претставување на „другиот/-те“ исто така може да биде критично за „другиот“ обично имаат позитивни влијанија врз восприемачите се додека тие ги респектираат вредностите на „другиот„. Представите за „другиот/-те“ исполнети со предрасуди, од друга страна генерално водат кон протести и непријателства ме?у авторот и она што е претставено и можат да имаат непресметани реперкусии, како што стои во записот на Samuel Huntington „The Clash of Civilizations“, каде односите меѓу балканските земји и Турција со западните земји се поткопани. Во овој контекст можам да цитирам многу други примери, но тоа не е целта но овој разговор.

      Наместо тоа, би сакала да дојдам до мојот краен заклучок, воглавно да го согледам „другиот“ не како непријател, туку како пријателско човечко суштество, кое има придонес без, разлика колку лошо или зло може да биде.

Приод кон нова концептуализација на „Другиот“: „Разликата како придобивка“ и „Богатство“

      Да, „другиот“ е различен и како што филозофот Емануел Левинас истакнал,никој нема право да ја негира „другоста“ на „другиот“, или ако не тоа, во крајна рака да ја присвои, дијалектично потчинувајќи го „другиот/-те“, што води кон негова/нивна деструкција (Levinas in Kuran-Burcoglu, Nerdet (edit. ) 1997.  Multiculturalism: Identity and Otherness .  Istanbul: Bogazici University Press).  Како што Peter Firchow се изјаснува во додатокот на неговата книга „The Death of the German Cousin. Variations on a Literary Stereotype“, 1890-1920 (Brucknell University Press): „поединецот треба „да се обиде да го согледа „другиот“ како начин на откривање на себе си, начин на гледање на „другите“, кој е истовремено начин на кој би се гледале самите себе“.  И вели:  откритие е како единствено гледајќи го „другиот“  ние можеме да се видиме и себе си.  А со менување на начинот на кој што гледаме на „другите“ можеме и самите да се промениме.
      Јас верувам дека е крајно време за човечките суштества да го променат нивниот концепт за „другиот“, доколку конечно сакаат да живеат во мир. Само тогаш тие ќе можат да уживаат во „заедништвото на различноста“ што им е дадена од Универзумот.
      На крајот би сакала да додадам неколку коментари:
      Во историјата имало случаи кога националните идентитети биле развивани до екстремности кои резултирале со шовинизам и војна.  Од друга страна пак, во случајот кога етничките идентитети биле развивани до екстремности и биле приоритетни во однос на националните идентитети, се појавила опасноста од распаѓање на нациите и нивно уништување од страна на надворешните непријатели.  Решението на конфликтите меѓу различните етнички идентитети се наоѓа во транспарентен и искрен дијалог со „етнички другиот“, во запознавање со начинот на живот, интересите, културата и литературата, традицијата и навиките на „другиот“, она што тој го сака и што тој не го сака, како и во учење да се почитува и да му се верува на „другиот“.  Ова може да се постигне преку избегнување на „демонизацијата на другиот“, како што истакна еден од вашите професори вчера, преку одбирање на „инклузивност“ наместо „ексклузивност“ и преку правење на нештата заедно, како на пример заедничка работа во групни проекти.  Интердисциплинарниот проект „Другиот во наставните содржини на високото образование“, кој е имплементиран во овој универзитет од страна на Институт Отворено Општество на Македонија (Open Society Institute in Macedonia), е многу добар пример поради што треба да се следи и поддржи.

Превод од англиски: Стефанова Нина