ИСТОРИЈАТА НА ЛИТЕРАТУРАТА И ХЕРМЕНЕВТИКАТА

КОНТИНУИТЕТ НА ЛИТЕРАТУРАТА, ЛИТЕРАТУРАТА И ИСТОРИЧНОСТА, МОМЕНТ НА ВОСТАНОВУВАЊЕ НА ДЕЛОТО

Жан Бесиер

          Овде не се разгледуваат условите во коишто херменевтиката се наметнувала во проучувањето на книжевноста, ниту пак парадгмите туѓи на профаната книжевност што ги имплицира херменевтиката. Во однос на нив, не се разгледуваат ниту посебните видови херменевтика кои претежнуваат. Ќе се задржиме на она кое може да ја оправда, во модерниот контекст на проучувањето на книжевноста, појавата на херменевтиката на книжевниот текст и поделбата на оваа херменевтика на различни видови. Ќе предложиме брзо задлабочување во перспективата на спротивностите што ги донесуваат парадигмите на историјата на книжевноста, одговорите на херменевтиката на книжевноста на овие контрадикции, контрадикциите во самата херменевтика и едно препрочитување на последниве спротивности.
          Херменевтиката на книжевноста, таква каква што произлегува од херменевтиката на библиските текстови и од генерализацијата на принципите и примената на овие истите надвор од толкувањето на Библијата, претпоставува препознавање на историчноста, на автономијата на книжевното дело и потреба да се упати на историјата на книжевноста, следејќи ја таа историчност и автономија. Оваа потреба може да се формулира и самата како признание кое има обврска да се искаже за делото следејќи ја неговата смисла, следејќи ја врската помеѓу неговата смисла и смислата на другите дела и да ги обработува овие смисли, оваа врска, следејќи го авторитетот на смислата на секое дело, следејќи го односот на тој авторитет кон историчноста, и следејќи го препознавањето и интерпретацијата на низата значења кои произлегуваат од цела една серија дела и од односот на таа низа значења кон историчноста.
          Со оглед на современиот контекст на специфичниот научен развој на теоријата и на практиката на книжевната херменевтика, тоа препознавање на историчноста, на автономијата на делото – оваа сфатена според неговата соодветна смисла која ја прави неговата одреденост и авторитет - и неопходноста да упати на историјата на книжевноста, оваа историчност и оваа автономија, налага да се прекине со двете практики на историјата на книжевноста доминантна речиси до 1960 година - првата практика наследена од филологијата, онаа која е заснована во 18. век и втората практика, онаа која се разви врз основа на марксизмот и хуманистичките науки - и да ги проучи повторно претпоставките на книжевната херменевтика според тој прекин. Во тие услови, појавувањето на една експлицитна херменевтика во проучувањето на книжевноста може, секако да се разбере во границите на речиси анегдотските термини или во термините на системот што го прават проучувањата на книжевноста. Така, Ханс Роберт Јаус вели дека идејата на проучувањата на рецепцијата доаѓаше од една обична констатација: универзитетските проучувања на книжевноста во Европа, своето внимание суштински го насочуваа кон авторот, значи било неопходно да се сврти кон читателот. Оваа појава треба исто така и многу посуштински да се разбере како одговор на фактот на интерпретацијата што го носат филолошката традиција и историјата на книжевноста што таа ја основа, од една страна, и од друга страна, како одговор на реконструкцијата на историјата на книжевноста, онаа која се практикуваше поаѓајќи од марксизмот и од хуманистичките науки.
          Пред да се определи она што ја чини нужноста на овој прекин и она од што се состои одговорот на книжевната херменевтика, таа треба да настојува да прецизира како го разбира поврзувањето на термините на херменевтиката и на историјата на книжевноста, и како таа врска отвора две специфични одлики на современата книжевна херменевтика: првото експлицитно обележје – неспособноста да се изрази промената во книжевноста; второто имплицитно обележје - раздвојувањето на она што(quoi) од она затоа што (raison d’être) на книжевното дело, што дозволува нова дефиниција на односите помеѓу херменевтиката и историјата на книжевноста.

          Поврзувањето на термините на херменевтиката и историјата на книжевноста се толкува двојно. Таа поврзаност се сфаќа, најпрвин, според фактот дека историјата на книжевноста е неразделна од историјата на интерпретациите. Оваа историја на интерпретациите произлегува од три ориентации: од историјата на книжевното читање на делото според модалитетите на создавањето на смислата во делото и од функцијата на таа конструкција - ова може да се илустрира поаѓајќи од делото на Волфганг Изер -; од историјата на значењето на делото која поаѓа од авторитетот на делото - што може да се следи поаѓајќи од делото на Пол Рикер -; од историјата на значењето на делото која ја следи неговата јавна рецепција - таа пак може да се следи поаѓајќи од работата на Ханс Роберт Јаус. Овие три ориентации се обиди за одговор на трите типа прашања разделени од проучувањето на значењето на делото. Волфганг Изер: смислата на делото не е завршена смисла, бидејќи оваа смисла се остварува во читањето, значи смислата која треба да биде распоредена во делото според можноста на ова остварување. Пол Рикер: смислата на делото се манифестира само во читањето, кое самото е всушност читање во историјата. Се поставува прашањето на постојаното спознавање на делото во историјата наспроти различните интерпретации. Ханс Роберт Јаус:манифестацијата на смислата во историјата е историска и јавна- тоа е она што треба да се разбере преку историјата на рецепцијата. Да се искаже смислата на делото не е искажување на интерпретацијата per se на таа смисла, туку дека делото не подлежи на една рецепција според смислата во онаа мера во којашто едно прашање е во историјата, и да додадеме, едно прашање за кого било. Овие три ориентации се забележливи по тоа што не можат да ја одделат интерпретацијата и историјата на интерпретацијата од јавната историја на интерпретацијата. Знаеме дека таквата очигледна врска на интерпретацијата и јавниот читател водеше кон хипотезата за интерпретативните заедници кои ја создаваат смислата на делото - делото не е игнорирано, тоа е причината за оваа конструкција. Ова беа суштинска претпоставки на Ролан Барт во Критика и вистина. 
          Вториот начин на одредување на поврзаноста на термините на херменевтиката и историјата на книжевноста може да се формулира на следниов начин. Тој е историографски само преку историјата на колективот. Кога велиме историја на книжевноста велиме всушност историја на колекции дела; оваа историја, ја искажуваме според колективната историја која ја пропушта и историјата на единствената збирка од дела. Откако е основана во 19. век, историјата на книжевноста постои според таа реципрочност меѓу историјата на книжевноста и историјата на заедницата. Таа е неизбежно, макар  на имплицитен начин, игра на интерпретацијата на делото, на делата и на податоците на заедницата, и дозволува оцртување на реципрочноста на историјата на книжевноста и историјата на заедницата. Тој факт на интерпретацијата, неразделен од создавањето на историјата на книжевноста, ретко бил истражуван сам по себе. Постојат, сепак, две очигледни мислења. Прво: историјата на книжевноста се заснова во исто време кога се појавува, според своите постапки, и херменевтиката. Второ: филологијата, од којашто е неразделен развитокот на историјата на книжевноста, е средство за засновување на текстовите. Таа самата е една интерпретативна постапка која се засновува на двојна хипотеза без којашто основањето на текстовите не би било возможно: има една единственост на текстот во историјата – тоа е она единство кое се реконституира следејќи ја променливата важност на празнините, на разликите и на варијантите на текстовите; тоа единство е на крајот читливо додека ги следи идеите на текстовите кои се историски појави, во смисла, според којашто текстот не може да биде реконструиран, освен ако не се разгледува како мимеса на колективната историја, сфатена широко, следејќи ги контекстуалните, културолошки, институционални и дискурзивни појави.

          Оваа поврзаност на херменевтиката и на историјата на книжевноста секако дозволува обликување на една историја на книжевноста, меѓутоа не го дозволува објаснувањето на размената помеѓу делата и размената која го востановува историскиот факт. Токму тоа, херменевтиката ја трансформира историјата на книжевноста во една историја на интерпретациите - Ханс Роберт Јаус -, во една историја на можности на интерпретацијата поаѓајќи од идентитетот на делото за сметка на една специфична одлика на овој идентитет - Волфганг Изер -, во една историја за можности укажува кон писмото во времето, поаѓајќи од еден идентитетот даден во времето - кон што се приклучува Пол Рикер во Време и приказна. Слепата точка на оваа постапка е читлива, на симптоматичен начин, во делото на Стенли Фиш: претпоставката за интерпретативните заедници ја става надвор од делото институцијата на смислата; не би можело подобро да се каже дека делото не е засновано, дека тоа не засновува ништо, или дека херменевтиката нема што да каже за тоа. Според херменевтиката, делото во суштина е даденост, ако таа е објаснувана според една моќ за основање, тоа е тоа, само преку односот на повторно прифаќање на идентитет даден во историјата- треба да спомене повторно Време и приказна од Пол Рикер. Има една квази-негација на она што е услов за традицијата на филологијата да има смисла: делото се засновува во времето; поради тоа може да има историја на книжевноста неодделна од историјата на заедницата. Со други зборови, како традицијата на филологијата ја имплицира херменевтиката, како херменевтиката имплицира една филологија -, невозможно е да се мисли еден постојан идентитет на текстот во историјата -, двете претпоставуваат дека делата се појавуваат, меѓутоа многу не се врзуваат за она што ќе го направи ова појавување разбирливо, исто толку во однос на историјата, колку и во однос на херменевтиката.
         За да се сфати она што е во игра во овие двосмислености на односите меѓу филологијата, на херменевтиката и на пишувањето на историјата на книжевноста, помалку треба да се уважува проучувањето и одржувањето на значењето на делото, нестабилноста на значењето, отколку она што го имплицира самата институција дело во историјата и во проследувањето на читањето во историјата: разделувањето на она што на делото - она што што делото го кажува - и raison d'être или конечноста на она што е искажано. Оттаму, треба да се разбере дека делото се конституира само според прашањето на неговото востановување. Тоа е оној хијатус, кој ги брише големите текови на современата книжевна херменевтика. Ослободувањето на овој хијатус и неговото враќањето на историјата на книжевноста претпоставува едно двојно движење. Дека историјата и книжевноста се сметаат за подрачја на испитување; дека книжевноста не треба да се смета за едноставно историска, освен според мерката каде таа одговара на одбивањата на историјата- низ одбивањата на историјата, треба да се разбере дека мислењата на историјата се одбивање на историската промена како таква, затоа што таа ги претпоставува парадигмите на таа промена -, и во онаа мера каде таа самата е прашање, одговарајќи им на одбивањата на историјата, го пропушта идентитетот што го дава, и историскиот идентитет што го идентификува. Во овие услови, што на делото и неговиот raison d’etreсимултано се читаат и во вистинската смисла се историски онолку колку се и одговори за идентитетите на историјата - овие идентитети не дозволуваат да се чита промената на историјата. Во забележувањето дека делото се засновува според неразделеноста на неговото што и неговото raison d'êtreдоагаме до нераздлноста на херменевтиката и историјата на книжевноста.
         Да се покаже дека, признавањето на играта меѓу она што и оној raison d'être на делото, претставува начин делото да се чита едновремено и  како историчност и како одговор на историчноста, всушност допушта да се согледа она кое е специфично, во контекст на современите историски проучувања на книжевноста, а тоа е појавувањето на херменевтиката наспрема традицијата на филологијата, и наспрема придобивките на марксизмот и хуманистичките науки, а со тоа и да се надмине широкораспространетото и вулгаризирано (vulgata) поимање на херменевтика.

 

1. ФИЛОЛОГИЈАТА, ИМПЛИЦИТНАТА ХЕРМЕНЕВТИКА И ИСТОРИЈАТА НА КНИЖЕВНОСТА

          Филологијата смета дека историјата на текстовите - текстуалната историја во вистинска смисла, историјата на нивното создавање, нивната иституционална историја која, ако таа се кажува со термините на книжевната типологија, со термините објавување, термините школата или движење, термините на јавноста, се вели - ја засновува, во што придонесува кон читањето на самостојната историја на текстовите, нивната историја, значи, колективната, како и историските детерминанти кои не се специфично книжевни. Оваа филологија претпоставува дека книжевниот текст поседува една смисла која се идентификува, која може да се објасни и која е кристализација – би било подобро да се каже мимеса - на неговите услови на создавање, на светот во којшто се појавува, на биографската состојба, психичка состојба и на волјата- некои велат интенција- на неговиот автор. Во оваа перспектива, книжевната историја и онаа на серијата докази кои што се карактеризираат и интерпретираат следејќи ја оваа игра на кристализација. Оваа перспектива ги содржи претпоставките дека книжевното дело би било услов за читливост на овие различни институции кои го создаваат делото и тие се негови детерминации. Како последица на што, не е резултат на сигурноста дека делото создава смисла, дека низ писмото на делото би настанала смислата-секогаш се препознава двосмисленоста на книжевното дело и варијациите на читањето - , но и од она што го сметаме за двојна очигледност: дека делото е воедно и композиција, и вклученост на податоци на неговото опкружување, информативно и обликувачки - овие околности се вклучуваат во делото. Историјата на книжевноста е историја на ова двојно вклучување и поаѓа од бележењето и проучувањето на делата.
          Претпоставките коишто ја имплицираат оваа историја на книжевноста можат да резимираат: кој и да е сингуларитетот што се согледува во делото, фактички; таа е ко-креација, на онаа на авторот, онаа на еден момент на сегашноста, на една група, на една епоха, на институциите, на една област на книжевноста. Единственоста и смислата на делото можат да бидат дотолку повеќе афирмирани доколку се создава хипотезата за оваа ко-креација. Забележително; во овие услови, историјата на интерпретацијата на таков текст се меша со историјата на неговото филолошко проучување, и со историјата на јавното читање, поради што таа е – ретко - разгледувана со историјата на групите и институциите.
          Оваа филологија има потреба од овие претпоставки за да ги заснова текстовите, за да обликува серија од книжевни дела која, би се рекло, претставува одредена кохеренција која моче да биде читана во исто време следејќи ги секвенците на делата, следејќи ги секвенците на околностите, на животот на авторот, следејќи ги елементите на јавните настани. Оваа филологија, денес сè уше е средство, со кое се искажува и се пишува историјата на книжевноста, нај вообичаена и најдидактична. Таа е корисна онолку колку што располага со докази на книжевноста, следејќи ја историјата, во исто време додека таа не претпоставува одалечување: искажувајќи ги, следејќи ги, се враќа нивната игра на појаснување, да ги каже, со нивното временско и историско одалечување, според нивното читање и според читливоста која им ја обезбедува историјата. Оваа филологија за позитивен принцип го има ставот дека книжевните текстови не се острови - кога тие би биле острови, ние не би можеле да ги препознаеме нивните разлики -, дека комуницираат минимално низ коегзистенција и дека тие не се едни во однос на други низ искажувањето, ниту во состојба на чиста непроѕирност, ниту во состојба на чист систем. Оваа филологија има услов дека критиката влегува во различноста и тоталитетот на хоризонтите, коишто можат да бидат, исто така, во вистинска смисла книжевни, колку во вистинска смисла, културолошки или историски, од тие дела, од тие автори, и дека низ тоа, делото е во однос со делата на истиот момент, со делата од различни времиња, што ја создава историјата на книжевноста.

          Историјата на книжевноста може навистина да се претстави како историја на причините и на релативните ефекти на книжевноста. Меѓутоа, како што ниту едно дело не е неопходно- таа не би можела, да не биде создадена -, оваа историја не може да биде онаа на неопходноста од таквиот развој на книжевноста, туку само онаа на условите на тој развој коишто прават да се читаат, различни читливите целини во делото или целините изведени од делото. Ако постои експлицитна интерпретативна позиција на филологијата, таа е таму: во обелоденувањето на тоталитетот на хоризонтите кој управува, во исто време, со основањето на текстот и конструкцијата на серијата од дела, и под знакот на историјата. Оваа интерпретативна позиција нема друго оправдување, освен претпоставката за миметскиот статус на делото, и нема друга потврда, освен фактот дека тогаш, една историјата на книжевните дела можела да биде напишана.
          Освен специфичните проблеми на методот што таа го поставува, оваа филологија не оправдува, или игнорира три нешта.
           Прво: таа не докажува со тоа што ги разгледува книжевните дела според континуитетот и консеквенците, книжевноста како целина. Така, оваа филологија е условена од едно идеалистичко размислување за книжевноста. Културолошкиот релативизам на американскиот Нов историзам, денес е порекнување на тој идеализам. Според овој Нов историзам, би требало, на пример, да се каже, не англиската историја на книжевноста, туку историјата на делата во таа епоха, понатаму, и таква друга епоха. Во таа хипотеза, забележливо, опстојува идејата за читливоста на делото следејќи го тоталитетот на неговите хоризонти, меѓутоа оваа читливост забранува прецизно да се даде една континуирана историја за таквата литература, бидејќи делото е читливост на еден тоталитет на хоризонти во даден момент. Во едно движење, во вистинска смисла непријателско кон традицијата на филологијата, кое ја создава книжевната историја, во продолжението на принципите и на средствата за текстуална идентификација на едно дело, може уште да се каже, дека со имитацијата на некои француски историчари, дека таквото дело може да биде препознаено и читано само следејќи го истиот релативизам. Така, би требало да се прифатат различните изданија на едно исто дело како различни дела, толку, колку условите и материјалните претставувања на тие изданија се разликуваат и бараат или имплицираат различни читања. Федра од Расин не ќе биде истата следејќи го она што го зема во обѕир едно издание на 17. век, едно издание на 19 век, едно издание на џепна книга денеска. Оваа последна теза, е забележливо, дека, таа не ја негира можноста да се интерпретираат делата, но ја негира централната хипотеза на текстуалната филологија: делото може да се идентификува преку неговиот текст. Наспроти таа хипотеза, ќе треба да се каже: има исто толку текстови колку што има претставувања на текстот. Критиката на идеалистичкото мислење за книжевноста овде е очигледна, во тоа што оваа теза за текстуалниот релативизам претпоставува дека тој овде ја нема историјата на книжевноста освен, според најпрвин, една материјална историја на текстовите, и, не според претпоставката на една постојана текстуалност – онаа текстуалност, која прави да нема грешка, следејќи ја индикацијата на Нелсон Гудман-, меѓу другите, кои и да се тешкотии кои за оваа хипотеза ги претставуваат, варијантите, мултиплицираните манускрипти, алтерациите на првите докази за делото.
          Овие денунцијации на идеалистичката мисла за книжевноста со која може да се идентификува филологијата, се дотолку повеќе значајни, што се еквивалент, денес за уништување на наставата по книжевност на Запад. Ова образование кое секогаш ја прави, претпоставката за постојаните текстови, за една постојана историја на книжевноста, кои и да се варијациите на формулацијата на оваа претпоставка или на нејзините корекции. Треба да се додаде, овој релативизам може да се потпре на другите потпорни места - културните, сексуалните, социјалните разлики. Би требало да се каже, дека во овие последни перспективи, историите на книжевноста, на литературите, следејќи различни тематики кои имаат особеност да ја поделат територијата на историјата на книжевноста и да ја префрлат на идентитетите.

 

          Ова движење има импликација во тоа да ги лиши херменевтиката и историјата на книжевноста од целокупниот статус, и да ги одалечи од имплицитното на мислата во херменевтиката и во историјата на книжевноста, според филологијата: книжевноста, од когашто е дефинирана како мимесис на тие детерминации и како тоталитет на различните културолошки хоризонти кои не се нужно синхронични, се појавува како книжевност попречна на различните историски периоди и на различните културни идентитети. Оваа имплицитна карактеризација на книжевноста има како последица гаранција во континуитетот на интерпретативноста. 
          Второ
: Да се создава историјата на книжевноста како мимезис на историјата на јавните настани, тоа значи да се пишува една прилично специфична историја на книжевноста: онаа која ги чита на реципрочен начин промените што ги донесуваат овие две истории. Таа се доведува до недостаток од историчност, односно, историската промена, во онаа мерка во која промената наметнувала свест за една временска дистанца, во која повикува на одговор, специфично дејствие, во онаа мера во која, таа е начин за делитераризација на искуството, знаењето кое може да се има за историјата и за книжевноста. Под делитераризацијата треба да се разбере дека секој момент на историјата и секој доказ на книжевноста, разгледуван во неговиот историски аспект, се ослабени во уметноста, во нивното означување. Може исто така да се каже во читањето и во историското интерпретирање под закрила на книжевната историја, Исповедта на едно дете во векот на Алфред де Мисево еден дел, делото е мимеса на една епоха, на еден човек, кои се дефинираат преку криза на историјата и дека тоа ја создава парадигмата за историјата и за интерпретацијата на делото и за книжевите движења на истиот период, и во другиот дел, тоа исто дело ни овозможува да мислиме дека историјата не може прецизно да се прочита под знакот на изгубеното значење, смисла по која се трага, туку под знакот на една грешка на пертинентноста на историјата, тоа дело ја забележува оваа грешка на пертинентноста - наместо самата таа, евентуално да биде без пертинентност.
          Она што не се зема во обѕир е самата промена во историјата, ако се земе насловот на ревијата Промена, која го постави тој вид прашање, односно историчноста. Ова не се меша со историјата или со историското, туку со фактот да се биде во историјата. Тогаш треба да се сфати дека тоталитетот на хоризонтите коишто се чита во едно дело, во една серија од дела, не е еквивалентен на една историска тотализација – онаа тотализација која го авторизира признавањето на делото како мимеса на историјата-меѓутоа во играта на делитераризацијата на историјата и на делото, на делата. Тука има амбивалентност на едно дело на историчар од Аналистите, Лисјен Февр за Рабле, Проблемите на неверувањето во 16 век. Религијата на Рабле. Ова дело чита во делото на Рабле тотализација на еден хоризонт. Треба да се каже, според Лисјен Февр, дека оваа тотализација, поради поради тоа што е историско ткиво, е релативно ослабната во себе самата и во нејзините промени. Но, исто така може да се прочита, поаѓајќи од тие податоци и од истата логика која ја предлага Лисјен Февр, и еден друг аргумент: делото на Рабле, преку мултиплицирањето, опциите кои тоа ги открива за религијата е една делитерализација на овие различни мислења и сведочи, во една епоха на силни историски промени, за делитерализација на убедувањата. Да се пишува книжевна историја и историја на религијата значи да се пишува историја на двојното делитерализирање. Ова очигледно го поставува прашањето на самиот статусот на херменевтиката на делото: дали е тоа конститутивно за смислата или поради историчноста во историјата, е оператор на делитерализацијата? Следењето на одговорот на ова прашање – она што е искажано по повод Лисјен Февр, ги илустрира секој од двата одговори -, не се распоредува истата функција на смисла на делата, ниту како последица со истата историја на книжевноста. Помеѓу останатото, кој и да е одговорот; се разбива целокупниот авторитет на делото за сметка на смислата што тоа ја изложува, како што се разбива целокупната смисла институционализирана во историјата, која, во тој момент ќе стане обединувачка или во тек на востановување.

          Тоа е парадоксално, претпоставка за зависноста од историјата; мимезата на историјата на книжевноста и на колективната историја води кон еден начин на деконструирање и на едната и на другата. На крајот, се лишува од претпоставката, исто така на сметка на делото, колку и на сметка на историјата, од една институција на смислата-, ниту делото, ниту историјата не се востановувачки за смислата. Поради овие парадокси и овие недостатоци, херменевтиката и историјата се оние нешта во кои е смислата, еден речиси-архив, од кој значи, едно дело, и еден момент од историјата се оператори или средина во која тие би заземале такви позиции. Знаеме дека тоа е решението кое го донесе Мишел Фуко, во Археологија на знаењето, за прашањето на тоталитетот на хоризонтите. Треба да се разбере дека делата не се никогаш целокупност на историски хоризонти во историјата, дека херменевтиката се сведува на анализата на односите со расположливите искази и искажувања. 
          Трето
: Затоа што се создава претпоставката на играта на мимесис на делото и на историјата, не може да се постави прашањето за специфичната функција на делото, и од гледна точка на информацијата и од формална гледна точка. Парадоксот овде е во тоа што не се толкува институцијата дело, сама по себе. Наследството на филологијата го чува поимот креација, и често ја искажуваше играта на традицијата и на иновацијата. Треба да се осврнеме на конституирањето на филологијата во 19. век под закрила на таквата игра на книжевноста која се толкува преку историските прекршувања, барани во Европа, преку револуциите и преку национализмите. Но, ниту за поимањето на креацијата, ниту за бележењето на традицијата и иновацијата не може да ја објасни институцијата на значењето на делото преку делото. Тоа овде недостасува, за да се протолкува моќта на херменевтиката на делата во историјата, за да се создаде таква историја на книжевноста, за да истата со моќта на херменевтиката, хипотезата за симболично востановување на делото го востановува симболички, таа не е пасивна во однос на дискурсот и симболичните институции. Тоа е, во термините на историјата на книжевноста, експлицитно прашање на првобитниот германски романтизам, на англискиот романтизам- треба да се сетиме на Колриџ-, движењата на симболистите, на различните реализми на 19 век. Во однос на различните реализми , треба да се каже дека тие ја гледаат реалноста како симболично социјална институција, која се одобрува или не се одобрува како таква- бидејќи реалноста има смисла и дури истите камења можат да бидат опишани. Книжевното дело е откривање на смислата бидејќи тоа се дефинира како една симболична институција- односно како она кое што прекинува со и одговара за симболично социјалната институција на реалноста. Ова, исто така, е прашање на делото кое не може да ја заснова неговата смисла. Така, естетиката на возвишеното онаква каква се појавува во 18 век поставува една невозможност на смислата на моментот на востановување на делото. Во книжевната историја, ако е за е право, не се објаснува овој момент во херменевтички термини, зашто традицијата на филологијата го игнорира тоа дека естетиката на возвишеното во книжевноста може да се чита како она што го преведува. Би можело да продолжиме со критики за класицистичките дебати во Франција, нео-класицизмот во Англија, дебатите за Ослободениот Ерусалим на Тасо од Италија, и да забележиме дека овие дебати за кои што се говори, според книжевната историја, како за дебати за континуитетот на традицијата, всушност се дебати за моментот на востановување кој го конституира делото. Во истата перспектива на препрочитување на античката трагедија, водат кон заклучување дека тој книжевен жанр и преземањето на митовите се во однос, без сомнение на начин на испитување, меѓутоа, посуштински во институцијата на фикцијата која нема кореспонденти во грчката култура од епохата на трагичното. Таа е она што го востановува симболичкото испитување.

 

III. МАРКСИЗМОТ И ХУМАНИСТИЧКИТЕ НАУКИ

          Филолошката традиција остава во наследство три прашања: она на определувањето на една мисла за континуитетот на книжевноста, она за историчноста и промената, како и она за моментот на востановување на делото во историјата - сите прашања кои се нераздвојни, од мислењето за една целокупна херменевтика на книжевноста во рамките на историјата на книжевноста.
          Одговорите на овие три прашања се распоредуваат во оформувањето на историја на книжевноста чии што методи ја преземаат импликацијата на херменевтиката следејќи една мисла на историјата за историското надредување, следејќи ја специфичната мисла за континуитет на книжевноста, следејќи ја играта на знаење и незнаење. Надредувањето се чита во марксистичка перспектива, оправдувањето на континуитетот на книжевноста во структуралистичките методи и дискурзивните методи, во играта на знаењето и незнаењето на психоаналитичките методи на читање. Секоја од овие ориентации му дава предност на едно прашање, без да престане нивното поврзување со другите две, а трите се распоредени според хиерархија по однос на прашањето во вистинската смисла - хиерархијата се чита со последователен ред: дискурзивните и структуралистички методи, марксистичките перспективи, психоаналитичките методи.
          Книжевните истории напишани како наследство на марксизмот-тоа наследство е многу разновидно-, имаат како претпоставка едно специфично читање на историјата востановено на почетокот од 18 век. Континуитетот на историјата е оној на надреденоста на победниците. Треба да се сфати, во историјата, победниците се поставени парадоксално десно од победените, како подобри начини, и како последица на тоа, да се напише историја, тоа во исто време значи пишување на историја на победниците и онаа за надреденоста на победените, историјата продолжува и се обединува во секој од нејзините моменти. Овде, не се опишува логиката на марксистичката историографија, таква каква се дедуцира од овие премиси. Забележуваме дека тука има двојна можност: онаа да се искаже историчноста; онаа да се искаже смислата на историјата. Историчност: тука постои поимање на историчноста според мерката каде е дефинирано едно јавно искуство на историја, која е историја што следи два хоризонти - оној на победниците, и оној на победените -, и двата поврзани детерминирачки. Смисла на историјата: надвор од историската конечност поврзана со марксизмот изведен од претпоставката за надреденоста, историјата создава смисла во тоа што, таа е целовитост на нејзините сопствени компоненти и сопствени моменти. Во таа перспектива, книжевната историја, која во таа перспектива е поврзана со мислата на оваа историја како мимезис на јавната историја, се покорува од една страна на истата игра на надреденоста, од друга страна, може да биде пишувана со следење на перспективата на победниците и на победените. Тој пристап на историјата на книжевноста останува прегнантен и денес во историите на книжевноста кои ги привилегираат културолошките пристапи, сексуалните, колонијалните и постколонијалните; таа управува со востановувањето на претпоставките на американскиот Нов историзам. Таа и' позајмува на книжевноста една специфична ситуација и една специфична функција. Книжевноста, од различни причини кои ние не сме ги развиле, се поставува на крстопатот на логиката на победниците и на онаа на победените ; таа за објект го има искажувањето на оваа двојна логика на победениците и на победените. Овој вид на историско читање бил примерно применет на Балзак. Тој е илустриран од Лукач во критичката теорија во Германија. Тој експлицитно претпоставува една херменевтика на историјата и херменевтика на текстот, според мера каде - херменевтика на историјата - игра на надреденоста, која најнапред е идеја на историјата, што не е неопходно да биде манифестирана во историјата или - херменевтиката на текстот - книжевното дело е шифра за претставувањето на таа надреденост.

          Така се оправдуваат читањата на Дикенс и Блазак, како писатели кои не се чувари- писатели на врските на Бодлер со револуцијата во 1848, и конечно читањето на целата книжевност како книжевност на една промена, за да повторно го споменеме насловот на ревијата Промена. Во оваа перспектива, континуитетот и интерпретацијата на книжевноста се остварува според играта на надредувањето. Не се кажува нишо за специфичноста на тој континуитет, на таа интерпретација, ниту за моментот на востановување на делото, ако тоа не е момент на врска со организиран конфликт – оној кој го претпоставува надредувањето- и со една завршеност-онаа која ја претпоставува оваа надреденост. Токму затоа, книжевноста е, воопшто, во себе си историска- исцртувањето на сопственото можно и на можното, како што забележува Лукач.
          Структурализмот и дискурзивните методи – тука треба да се цитира Бахтин - специфично го искажуваат континуитетот на книжевноста, и сме забележале за структурализмите, можноста за една историја на книжевноста. Тие, значи, одговараат на заблудите во размислувањата за надредувањето на историјата. Структурализми: онолку, кои и да се нивните верзии, тие претпоставуваат континуитет (не интерпретиран) на книжевноста. Тоа се формулира многу попрецизно со претпоставките, што се однесуваат на текстуалноста и на формализациите: хипертекст, хипотекст, архитекст-: книжевноста е во времето и во историјата, без да има потреба да ја искаже нејзината историчност. Ова се резимира во опишувањето на книжевноста, истовремено како иманентна и трансцендентна на себе си. Тука нема херменевтичко прашање, ако тоа не е она што го одредува образецот на таквиот континуитет. Така, значи се објаснува вниманието кое и' беше дадено на дефиницијата на потската функција на Роман Јакобсон: да се дефинира книжевното дело како една порака која го става акцентот врз самата себе си, значи да се каже дека делото комуницира и не комуницира и дека тоа е читливо, надвор од испитувањето на смислата, според испитувањето на смислата, надвор од историјата, во историјата. Значи, тука нема негација на херменевтиката, туку карактеризација на она што е услов за една херменевтика. Значи тука нема негација на прашањето за смислата, делото во исто време останува и е пертинентно – но, треба да се забележи дека ова прашање на херменевтиката не е едно историско прашање. Дискурзивни методи: овде, претпоставка е дека книжевните дела и историјата се дискурси, композиции, спротивставувања од дискурс, симболизации на историските судири, но сместени, ако се земе во обѕир, поспецифично Бахтин, под знакот на една игра на постојано надредување – така, се интерпретира карневалескното и романот на едукацијата. Ова претпоставува една херменевтика – таква која ја чита композицијата и значењето на различните дискурси. Тоа претпоставува специфично претставување на времето и на историјата преку книжевните дела кои се формули според хронотопот. Тоа води кон еден вид граматика на историјата на книжевноста: оваа историја постои според дискурзивните композиции и хронотопи. Меѓутоа овие тези носат два парадокси. Од една страна, тие востановуваат специфична миметичка игра од книжевноста на историјата, која не е објаснување со историски термини – за делото, фактички, се размислува како за речиси автономна визија на историјата. Од друга страна, овие тези ја востановуваат, она што ја искажува, конечноста на историјата- тука би имале еден вид хипербола на идејата за надредувањето: книжевноста е во исто време обликување како што е и реализација на надредувањето. Од тука имаме еден авторитет на книжевноста. Книжевноста треба најпрвин биде читана како интерпретатор на историјата, пред да биде промислен односот на историјата на книжевноста кон книжевноста.
          Структурализмите и дискурзивните методи ја имаат, заедничката претпоставка на размислувањето за книжевноста, според нејзината автонимија, според нејзината соодветност да ја обликува нејзината постојаност и да се предаде на една историско-темпорална симболизација. Тогаш, треба да се каже- во вид на херменевтичка транспарентност на книжевноста, која не е самата прашање на значењето, иако особено во дискурзивните методи - една херменевтичка анализа би била неопходна за да се анализираат фигурациите на надредувањето и за да се обликува сврзувањето на делата следејќи ги различните фигурации на оваа игра. Исто така, дискурзивните методи не кажуваат ништо за односот на делата кон историјата, дали прават, претпоставка е, дека овој однос, може да се чита единствено според делото, - нема херменевтичко прашање зошто делото е манифестен толкувач на историјата.

 

                    Со други зборови, иако самото дело е дијалошко, неговото востановување во ништо не е дијалошко: таа го распоредува манифестно неговото што и неговиот raison d' etre. Треба да се повтори дека делото и книжевноста се тоа според нивната иманентност и трансцендентност.
          Она што е повторно промашено, е историчноста, поинаку кажано, прашањето за односот меѓу што и raison d'être. Во психоанализата наоѓаме една формулација на херменевтиката за тоа прашање - со што што има еден начин на одговарање за недостатокот само што беше искажан -; меѓутоа овој одговор не е една експлицитна обработка на историчноста. Така сме го кажале несвесното на текстот. Така, сме кажале дека практиката и историјата на книжевноста, од почеток на 19 век, можат да бидат согледани како практика на историјата на спознанието и на неспознаеното, поинаку кажано, на една херменевтика. Го придруживме книжевното пишување, особено прозата ја поврзуваме со анализа, и раскажувач или авторот со аналитичар.
          Ова индицира една психоанализа којашто претпоставува дека во мислењето има мислење кое не мисли. Поинаку кажано, психоаналитичката херменевтика е помалку носител на херменевтичкото прашање, затоа што не ја искажува грешката на владеењето на писмото и неговиот симптоматичен карактер, ако се држиме до потврдата за владеење на писмото, за неговата поготвеност да фигурира за да се говорат неискажливи нешта. Може тука да има индикација за можен однос на книжевната историја кон историографијата во една херменевтичка перспектива на широко поимање: историографијата, како вид историја на книжевноста, може да биде историја на потиснатото - така не недостасуваат парцијални истории на книжевноста, кои ја замаат оваа страна, за кои често се врзани културната историја или за историјата на сексуалните импликации при книжевното создавање. Тоа уште укажува дека книжевното дело е една симболична институција: таа претпоставува прекин со расположливите симболи; таа се создава следејќи една симболика која имплицира неразбирање на нејзиниот објект. Меѓутоа, таа симболична институција не се дефинира суштествено во однос на историчноста, таа не дозволува повеќе да се дефинира односот на делото кон едно мислење за историјата.

III. ПАРАДИГМИТЕ НА ХЕРМЕНЕВТИКАТА

         Херменевтиката во нејзините современи книжевни примени, го подразбира тоа што тие не го толкуваат суштествено, и покрај нивните херменевтички импликации, различните критички ориентации кои само што беа искажани: историчноста. Ова лесна се објаснува: делото не поставува прашање, освен во онаа мера што неговата смисла е двојно историска- следејќи ги историските услови на неговата елаборација, следејќи ја својата реализација во историјата. Ако смислата е двојно историска, се наметнуват главни истражувања: како да се дефинира таквата смисла? Како да се дефинира авторитетот на делото во овие услови? Една таква смисла може да се дефинира само според едно двојно движење – испитот на оваа еволуција на реализирање на смислата во читањата и во интерпретациите, примерот на оваа еволуција како конституирање на една традиција на смислата. Поставувањето на претпоставка за еден авторитетот на делото се наметнува заради ова остварување на смислата, без овој авторитет, тој би можел и сосема поинаку да се чита, како реализација на различни смисли, на начин на кој рековме различните изданија на едно исто дело создаваат различни дела. Овој авторитет на делото е препознаен преку формулацијата на фактот дека тоа дело е прашање – постојано прашање, обновено со секоја интерпретација. Во двојното движење, историчноста е препознаена и во исто време, таа е поништена. Интерпретациите се менуваат; делото не се менува. Тоа објаснува дека херменевтиката, може подеднакво да ја толкува историчноста како и традицијата, впрочем како и делото, како и универзалноста и безвременоста на комуникацијата. Се разбира дека, во овие услови, односот на херменевтиката кон историјата на книжевноста би се дефинирал низ историјата на читањето, низ една историја на условите, впишани во делото, преку реализацијата на оваа историја. Се разбира, исто така, дека идентификацијата на прашањето за делото се прецизира на начинот на којшто тоа прашање се идентификува со прашањето за уметноста или со прашањето за книжевноста. Ова се формулира кај Ханс Робер Јаус, преку конфузијата на прашањето за делото и за убавото: делото го поставува прашањето, затоа што тоа е, пред сè, убаво.

          Ова се формулира кај Ханс Георг Гадамер преку фактот на делото: делото е само дело и не упатува на ништо друго, освен на себеси. Не би можеле подобро да говориме за излезот од историчноста, додека бараме задржување на историчноста на интерпретацијата и да се покаже дека ако треба да има однос меѓу херменевтиката и историјата на книжевноста, таа - историјата на книжевноста, овој однос не може да го чита никаде изворот, освен во прашањето за убавото. Тоа значи, радикално да се промаши востановувањето на делото, за да се определи како таа ја осветли историчноста на делото и константноста на тоа дело во историјата. Го запоставуваме ова прашање за востановеноста на делото поставено во психоанализата и имплицирано во традицијата на психологијата.
         Во овие тези има суштински парадокси кои ги илустрира Волфганг Изер во неговите првични трудови. Смислата на делото ќе биде, значи, остварена преку читателот кој ги следи можностите кои делото ги понудува – белините на делото. Ова се искажува според играта на интеракцијата. Претпоставката на играта на интеракција е изненадувачка и претпоставува два субјекта кои дејствуваат. Подобро би било да се каже, интеракција на еден автор и на еден читател низ посредување на делото ако држиме до претпоставката на интеракција, меѓутоа, во тој случај, херменевтичка претпоставка станува залудна. Оваа претпоставка на интеракција дозволува да се прецизира она што го подразбира забелешката дека делото само по себе е едно прашање. Таа претпоставка не го кажува тоа во односот на што делото е прашање- тоа е едноставно прашање, како што тоа е едноставно негов факт. Ова носи прв парадокс, забележлив во рамките на херменевтиката: делото може да биде наречено константно и интерпретабилно заради недостатокот на неговата содржина- или, дури заради отсуство на содржина. Ова го донесува вториот парадокс: овде постои идентификација на делото како субјект, и херменевтиката на делото може исто толку да се чита како еден начин на херменевтиката на егзистенцијата, додека делото е првостепено писмо, една извесна форма, смисла, кои можат да упатат на една егзистенција, онаа на авторот, онаа на другите поврзани ликови, на начин повеќе или помалку ослободен, повеќе или помалку ограничен. Делото се дефинира преку неговите белини, тоа е една неопходна претпоставка за да биде асимилирано на еден егзистент: ова и противречи на една херменевтичка цел. Овие парадокси се читаат кај Ханс Р. Јаус и кај Пол Рикер. Ханс Р. Јаус: во естетиката на рецепцијата, делата одговараат на другите дела и на читателите на делата во мерка каде сите се во иста егзистенција- тука се создава заедничкото место помеѓу прашањата и одговорите. Ова заедничко место претпоставува дека статусот на прашањата треба да е дефиниран. Прашањето коешто го поставува делото е идентификувано со убавината. (Тоа објаснува зошто Х. Р. Јаус не вели само рецепција, туку исто така естетика на рецепција). Тука има една претпоставка двојно онеобичена: не гледаме како убавината поставува прашање, освен, ако под знакот на егзистентот кој ќе биде дело читаме, дека таа го задржува вниманието преку неговата убавина; не гледаме зошто тоа прашање може да стане херменевтичко прашање, освен со враќањето на еден платонизам. (Терминологијата на Ханс Роберт Јаус - хоризонт на очекување - е една друга илустрација на оваа асимилација на книжевната херменевтика во една херменевтика на егзистенцијата) Пол Рикер: Времето и приказната, чија аргументација не ја повторуваме, нe претставува подеднакво парадоксалните претпоставки. Приказната е значи приказна на искуството на субјектот кој е свесен за неговиот вистински идентитет. Забележливо, Пол Рикер, не ги разликува типовите на приказна следејќи ги типовите раскажувачи. Само хомодиегетичката приказна во прво лице може да соодветствува книжевно на анализата на приказната што ја предлага Пол Рикер. За да ја генерализира апликацијата на оваа дефиниција на приказната, треба да се сфати дека самиот автор, преку приказната, се обидува да создаде приказна за неговото вистинско искуство, имајќи свест за неговиот вистински идентитет следејќи го влогот на поделеноста на idem и на ipse. Но, ако се прифати една таква генерализација ќе се дојде до идентификување на целокупната приказна на еден начин, како автобиографија. Книжевната херменевтика фактички е херменевтика на егзистенцијата.

         Оваа конфузија на книжевната херменевтика и на една херменевтика на егзистенцијата, најпрвин покажува дека делото се разгледува поаѓајќи од неговите лингвистички обележја, без укажување на неговата содржина - што останува парадоксално, да повториме, во рамки на херменевтиката. Најпрвин, да се разгледуваат лингвистичките знаци, тоа е конечно барање на една смисла- невидлива – зад она што, тука е непосредно на располагање: лингвистичките знаци. Херменевтиката повторно засновува една игра на појавност и на бивствување, без лингвистичко-текстуалните даданости да се неопходни карактеристики на таквата игра. Во случајот на опишаната игра на белина на делото, на семантичкиот континуитет и дискунтинуитет, таа е содветна на секој текст, и може да се употреби специфично во едно такво дело каде од неа е направена калкулација од овој континуитет и од тој дисконтинуитет. Во приказната, реализацијата на една временска синтеза е врзана за самиот факт на раскажување, што може да имплицира или да не имплицира некоја игра на лична идентификација.
          Денес, овие забелешки дозволуваат да се дефинира една стратегија на книжевна херменевтика. Тоа е начин, да се постави книжевното дело во една херменевтика на егзистенцијата без да се враќаме кон авторот и нему да му ја доделиме играта на појавување и со тоа да се преведува одлуката за пренесување на статусот на библискиот текст во профаната литература. Библискиот текст, толку колку што тој е транскрипција на говорот на Бога и на авторитетот на религијата, е од еден идентификуван автор, меѓутоа непоимлив. Со оглед дека библискиот текст е авторитет, тој има потреба од непрекината интерпретација, која всушност е постојано синтеза на самата себе. Библискиот текст е можност да се дофати Бесконечното (божественото) во хоризонтот на библискиот версет (стих). Од тука, читателот-верник дефинира една религиозна и една егзистенцијална херменевтика. Овој статус на библискиот текст исклучува да се мисли тој текст како текст - текстот е една форма и една информација, тој претпоставува однос на еден автор и на еден читател. Пренесувањето на овој статус во профаната книжевноста води кон еден парадокс: оваа книжевност се враќа на извесен начин кон херменевтиката на егзистенцијата, а нејзе, како и на делата од оваа книжевност, им се дава моќ на синтеза, што објаснува како овие дела можат да добијат различни интерпретации – белина на текстот -, дека рецепцијата би можела да биде дефинирана, следејќи ја моќта за синтеза симетрична на моќта за синтеза на делото, во исто време, кога прави претпоставка за историчноста на овие дела. Очигледно е дека оваа херменевтика на егзистенција и оваа моќ за синтеза не се одговор на историчноста. Препознавањето на прашањето кое ќе стане одредувачко за делото да се решава преку херменевтиката на егзистенцијата, во една херменевтика на истородност и на другото, заробена од моќта за синтеза на делото и од неговата игра на појавност и бивствување. Треба да се повтори дека хоризонтот на очекување на естетиката на рецепција претпоставува, кај читателите иста моќ, иста игра.
          Во тие перспективи, односот на таа херменевтика кон историјата на книжевноста не може да биде само според спознанието на еден трансисториски авторитет на делата, кој, дури не бара да се прецизира содржината на делата, туку од неа прави постојана можност за една временска синтеза. Од тука, разбираме, дека прашањето за делото не се однесува експлицитно на историјата, ниту на семантичките парадокси на делото. Разбираме, уште дека самото дело е конститутивно за едно транстемпорално заедничко место. Во овие исти перспективи, ако треба да биде искажано едно востановување на делото, треба да го наречеме востановување на еден празен авторитет, бидејќи тоа е можност за оваа игра на истото и на другото.

 

IV. ПРАШАЊЕТО НА ДЕЛОТО И КНИЖЕВНОСТА

          Еден од начините да се говори за прашањето за делото, начин кој им бега на херменевтиката на егзистенцијата и на херменевтиката на содржината, кој неминовно доаѓа до семантичките парадокси - во оваа перспектива, првиот проблем на една херменевтика е да одреди кој степен на кохеренција таа му дава на текстот -, се содржи во тоа што статусот на делото поставува прашање и во тоа што делото се конституира како прашање во однос на историјата.
          Ролан Барт, во Leçon, го идентификува делото na едно questio (прашање) и играта на интерпретациите на делото еднаква на тоа questio. Треба да се разбере дека делото не поставува есенцијално прашање освен во мерата во која делото е тоа за една публика, публика од различни времиња. Таа референца на questio треба да биде развиена според нашите термини за да се прецизира она што може да биде надминување на херменевтиката на постоењето и карактеризација на делото која ја следи историчноста. Quiestio не се меша со прашањето кое ја идентификува книжевната херменевтика како херменевтика на егзистенцијата.  Quiestio е она кое што предизвикува дебата во однос на неговиот предмет - делото -, дебата која ги следи препознавањата и расположливите интерпретации на ова дело, што сосема го одржува значењето на делото. Употребата на терминот quiestio подразбира дека современите тези на херменевтиката запоставуваат еден принцип на херменевтиката: сите одговори, сите решенија се читаат врз основа на другите одговори, на другите решенија. Со тоа, сите решенија се во она што останува прашње. Quiestio го обединува она што е разделено- различните критички претпоставки помеѓу нив, различните претпоставки и текстот-, и го надминува ова повторно обединување, бидејќи тоа ги поставува овие различни претпоставки за дистанцата на едните од другите и од текстот. Делото е предмет на препознавање и интерпретација, меѓутоа исто така можен предмет во оној момент кога е означено преку оваа игра на афирмација-негација, на која е еднаков сојузот на решенија и наquiestioХерменевтиката се чита преку questio како заедничко место на разликите во интерпретации на делото, како средство од неа да се направи испрашување во времето, она што го претпоставува фактот дека делото се третира како можен објект. Делото, исто така, го обликува прашањето, го предизвикува прашањето - што не значи експлицитно прашување -, преку различните средства, кои подразбираа, всушност, различни игри и степени на фигуративност.
           Постојат две важни сугестии. Прва сугестија: книжевната херменевтика го востановува својот предмет паралелно со начинот на кој, таа се востановува. Делото се востановува создавајќи од својата можност, од реалитетите, од неговото време, од неговите постапки, средства на неговото сопствено quiestio – тоа остварува еден симболички состав од тоа сè, и во исто време, недостаток на синтеза. Со тоа ние ја искажуваме енигматичност на делото. Втора сугестија: таа институција на делото претпоставува прашање исто како што прави историјата- тоа прашање се дефинира преку фактот дека во времето и во историјата, во серијата на моменти, во серијата на случувања, во серијата дискурси на случувањата, за моментите, за нивните интерпретации, еднаш откако сите настани се исполнети и целокупното дејствување е завршено, она што останува, е прашање-то. Така, историчноста е носител на испрашувањето. Делото може да биде мимесис на историјата, неговата интерпретација доаѓа од една таква мимеса. Ова не го дефинира односот на делото кон историчноста, затоа што делото не е нужно мимеса на историјата. Кога би било нужно, таа мимеса не би била прашање по однос на историјата, ниту во однос на историчноста.

 

          Во таа перспектива, претпоставките кои ја засновуваат филологијата се противречни: тие претпоставуваат прашање таму каде нема прашање – или ако треба да се формулира прашање кое ја обединува филолошката традиција, тоа треба да се искаже вака: прашањето на означувањето на еден чин, има причини за креацијата на делото; тоа прашање е едно отворено прашање бидејќи целокупното истражување на причините е едно истражување кое може секогаш да биде повторено, на многу регресивен и различен начин, следејќи ги карактеризациите коишто ги задржуваме со чинот. Во таа иста перспектива, претпоставките кои ја засновуваат херменевтиката на егзистенцијата, во однос на книжевните дела и на историјата на книжевноста се подеднакво противречни: да се располага со авторитетот на делото и промената на неговата интерпретација, значи да се избира парадоксалната претпоставка на постојаноста на значењето, да се сфати дека овој парадокс претпоставува дека делото еquiestio. 
          Значи треба да се каже: не е делото мимесис на историјата; туку делото е секако, преку неговата институција, мимесис на историчноста. Доволно е да се повтори анализата која ја предлага Флоранс Дипон (Florence Dupont) за грчката трагедија: таа овде може да претставува аргументи надвор од говорот од една историска или културолошка гледна точка - трагедијата е рамнодушна и не се искажува експлицитно, во моментот на нејзиното компонирање, за нејзиното претставување, еден нејзиниот однос кон историјата. Меѓутоа, од тука, ќе додадеме со нашите термини, таа е неспорно quiesto. Тоа прашање е превод на историчноста – во случајот на Орестија судската одлука за убиството која е одлука според една епоха, го остава самото прашање за убиството нерешено, кое треба повторно да се активира и да ја означи можноста за културална и за историска промена. Ова може да се каже и за Хамлет и за многу други трагедии. Ова може да го каже за историскиот роман, онака како го пишува Валтер Скот. Тоа треба да се генерализира: дискусиите преку историјата за книжевноста, околу имитацијата или одбивањето на имитацијата, околу мимесата и „анти-мимесата“ се, всушност, дискусии за безначајноста на таквите дела во однос на историјата, во моментот на нивното создавање. Овие дебати се начини за идентификација на институцијата на делото и за отворање на прашањето за неговата историчност. Тогаш, треба односот на херменевтиката и на книжевната историја според овој парадокс за безначајноста на делото и на прашањето, да биде поврзан со него. Овој однос конечно дозволува да се опише историјата на книжевните системи, книжевните жанрови, едните по однос на другите, различните естетики и поетики како историја на системите, на жанрите на естетиките и на поетиките кои се распоредени едните во однос на другите, се менуваат, се генерираат следејќи ја најголемата способност за забележување и за конституирање на questio и за одговарање на историчноста.
            Тука треба да се вратиме на разложувањето на што и на raison d'être на делото. Ова разложување не е читливо ниту според мимесисот на историјата – тука има негација на ова разложување, ниту според играта на надредувањето која е впишана во делото, иако тоа буквално со него не може да се идентификува - ниту според статусот на интерпретантот доделен на делото- оваа игра која ја открива конечноста на делото е експлицитна: да се биде интерпретант -, ниту според играта на знаење и на игноранција - парадоксот на оваа игра го открива недоразбирањето според целото дело, според целината на делото. Оттука, овие методи и овие тези имаат едно заедничко место: колку и да има однос на делото кон историјата кој тие го имплицираат, тие од делото прават на еден или на друг начин, да биде збирка на историјата, како што во херменевтиката на егзистенцијата аплицирана на книжевноста, делото е, преку серија од интерпретации, капацитет на вклучување во историјата. Обратно, ако се искаже востановувањето на делото според  одговорот на историчноста, се вели дека ова дело може да биде изложено на временска сукцесија на историскиот синџир и, поинаку кажано, тоа е сепак разлика во таа сукцесија, во тој синџир, прашање на нивната хомогенизиација. Во овие услови, книжевноста не може да биде мимесис на историјата; таа е одговор на разликата која ја создава историјата, што значи одговор на што и raison d'être кое го носи самата историја: треба да се разбере дека историјата ги поставува идентитетите во времето и дека таа не престанува да ги метафоризира. Книжевните дела, ако треба да се искаже нивниот однос кон историјата, се средства или начини за конкретизирање на тој прекин кој ја создава играта на идентитетите и на нивната метафоризација Од тука, тие ја обликуваат историјата како questio. Тоа е илустрирано преку едноставен пример: Балзак е писател-чувар, кој опишува една Франција на промени и на моќ на буржоазијата. Тука, не може да се про чита една идеолошка противречност или моќ на реализам - оној кој објективно ќе ја искаже стварноста и историјата. Треба да се каже дека тој дуалитет е едно од средствата кои дозволуваат да започне да се карактеризира questio кое го носи делото на Балзак и дека тоа дело е во исто време обработка на една актуелност и обработка на идентитетите на историјата и на нивната метафоризација. Поинаку кажано, делото го конкретизира прекинот имплициран во таа игра на идентитети и на метафоризација, и преку тоа, прави од историјата која поставува прашање, во исто време, преку нејзиното минато и преку нејзината сегашна трансформација, според едно читање на историјата кое е во исто време читање на континуитетот на историјата, читање на она што се автономизира во историјата. Уште повеќе, има еден начин да се земат во обѕир констатациите на Новиот историзам и на историјата на книжевноста според материјалноста на книжевните сведоштва, без приклонување кон претпоставките на Новиот историзам и на таа историја.

 


Превод од француски: Славица Србиновска