ОКОТО НА ОРАНГУТАНОТ

КОН ЕДГАР АЛАН ПО

Ана Алачовска

„Неопходно е да се знае што вреди да се набљудува, да се гледа. Играчот воопшто не се ограничува, нити ја отфрла дедукцијата на нештата кои не се битни за играта иако играта му е крајната цел. Тој го проучува изразот на лицето на противникот. Го наблљудува начинот на мешање на картите во неговите раце, ги брои адутите еден по еден според погледот што ривалот врз нив го спушта.Тој ја забележува секоја промена на лицето додека трае играта, прибирајќи залихи спознание и индиции според сигурноста, радоста, триумфот, неволјата што се исчитуваат на лицето.” (Едгар Алан По)

„Лишен од регуларните средства, аналитичарот се задлабочува во духот на својот противник, се идентификува со него, и неретко на такова начин според погледот, го создава својот метод.” (Едгар Алан По)

Дури на Паскал му стана јасно дека когитото е монструм. Дури Паскал Сфати дека когитото коешто гледа, себеси не може да се види, субјектот за себе е секогаш слеп, и оттаму точката на гледање е секогаш луда., сизофрена. Монструозноста на субјективната економија, нејзиното лудило е токму во тоа што субјектот што гледа останува непроѕирен. Субјектот се оддлаечува од себе во моментот кога сака да се смести наспроти себе. Вудвојувањето како единствена можност за себе-презентација останува затворена во неможноста за себе-репрезентација. Монструмот е конститутивно оној карактер што не може да се открие. Тој е како модерниот субјект воопшто, лоциран таму кадешто знаењето за себе му е ускратено. Когитото е лоцирано на местото на погледот.


Како гледаат очите?

“Во суштина начинот на којшто ќе го разрешам убиството, е во директен сооднос со нерешливоста што ја гледаат очите на полицијата”

Не верувајќи им на нивните очи сам видов.

Треба да докажеме дека привидните невозможности се во стварноста возможни.

Ајде виртуелно  да се транспонираме во куќата….
Што прво ќе видиме таму? (Едгар Алан По)

Кога научниците велат дека видното поле е образувано на тој начин што во секој момент некој ме наблљудува со тоа не се тврди дека другиот мора да биде субјект туку напротив и објект. Стварите нè гледаат затоа што тие се веќе инфицирани од погледот на другите. Окото на стварите ја манифестира можноста  или веројатноста на погледот.

Да се гледа местото на злосторството значи да се гледа во туѓото око, одразот или сликата на другото око. Но да се видат две очи кои се гледаат е можно само од позиција на трет. Дупен е секогаш во позиција на третиот. Тој гледа како две очи се гледат, оние на сведците (полицијата) официјалната парадигма на вистина и извршителот на злосторството. Тој гледа како се одвива гледањето. Она что го гледа Дупен е е токму тоа како, затоа што неговата сопствена ретинална слика е како гледање. Одговорот на прашањето како гледа е одговор и на прашањето што гледа.

Затоа што е ситуиран во третата позиција може да ја види превртената слика која се рефлектира во ѕидот/ретината според законите на оптиката. Во оваа ситуацја третиот го гледа она што никогаш не може да го види сам: во другото око ја гледа сопствената ретиналната слика. Самите не можеме да видиме трансгредиентен свет, она што е долу никогаш не се гледа како она што е горе. Никогаш не можеме да го видиме она што се рефлектира врз ретината никогаш не го гледаме одразот во окото.Тоа консеквентно значи дека ние со окото никогаш всушност и не гледаме. Окото е оттаму екран, слеп екран кој емитува проекции на други екрани (оние на полицијата, новинарите, сведоците, пертинентни или нелаузибилно со вистината сеедно). Оттаму светот е таков каков што го гледа/нè гледа Окото преку веќе посредувани слики.

Ако претпоставиме едно око Ц кое од одредена дистанца набљудува едно око А тогаш сликите проектирани во тоа око на Ц ќе му изгледаат као ликот Б во кого е вперен погледот на А. (Светла комора, Ролан Барт). (Мора да се признае дека таму има нешто екцесивно друго, вели на едно место Дупен. Како да се опфати со поглед то ДРУГОТО?)

Апсолутната геометриската оптика би се темелела врз духовите на убиените кои по дефиниција ја имаат легитимната перспектива на чинот. Обратната слика, превртениот свет, е еден не-објект, она што постои као непостоечко (да се докажат неможностите вели Дупен), но тој аветски свет е услов за потенцијата на погледот кој гледа а е вон од светот на случување. Ретиналната слика на вистината е авет. Дупен нејзе ја бара ставајќи се во позиција (гешталдовски) на убиецот), тој се обидува да го види непосредниот објект, што сепак му се измолкнува од непосредноста. Дупен секогаш ќе го гледа она што всушност не постои, она што не го знае. Аветот е она непознатото, она што е присутно во својата неприсутност. (Во оваа смисла Дупен користи оптативни јазични форми спротивни на егзактноста на правото, егзекуторот н авистината.  „Правото докажува дека кога законот ќе стане наука и систем тој престанува да биде правда. Она што судот го гледа како невалиден доказ, тоа е гледната точка на интелектуалецот). Леќите, очилата, екраните кои го центрираат превртеноста на сликата ја продуцираат претставата као не-гледање, фантазам. Теоријата на трансмисија на светлината, и хипотетичките ентитети при тоа зависат од релеите на трансферите од едно око во друго, од една уста во друга. Соматското го предиспонира когнитивното.


Орангутанот невино око

„Со брич во раката потполно насапунета ѕверката седеше пред огледалото обидувајќи се да ги имитира движењата на бричењето. Несомнено предходно неколку пати го гледала својот господар низ клучалката во клозетот.” (Убиството на Мари Роже)

Ова око не знае за проекција и во него ништо не се проектира. Тоа не знае за дистанца, за ре-презентација,  не емитира слики, тоа е самото преоекција. Во светот на невиното око нема каузални поврзаности помеѓу две видливи стварности, постои само окото кое станува слика, тое е конфузност на еден неартикулиран хаос којшто никако не може да се преоктира, визуализира или следствено вербализира, затоа што подразабира дистанца која во случајов е отсутна.  (Борис Успенски, Семиотика на иконата).

„Присуството на убиецот е видливо дури и за еден идиот вели Дупин.

Кои се начините за стигнување до вистината. Па видливи се и за окото на еден идиот. До вистината ќе стигнеме мултиплицирајќи и собирајќи  ги дистанците и дистинкциите во извршените чинови”

Окото на идиотот, на монструмопт, на орангутанот е невино око. Тоа око не знае за далечина, за хоризонт. Видливиот објект во окото го сочинува тоталитетот на видокругот, затоашто освен она што за него е видливо нема ништо друго во неговото окко. Дистанцата подразбира дека објектот што се набљудува никогаш не  ево преден план. Парадоксално но дистанцата и длабочината не се искуство н апогледот. Она што се нарекува дистанца  е јукстапозиционирање на точки споредливо со широчината. Едноставно субјектот што гледа е лосо поставен. Јас би видел доколку сум бочно поставен, така што можам да опфатам низ објекти посатвени пред мене о еден со друг се скриваат. За да ја види дистанцата посматрачот мора да биде таму каде што не  е, бочно од местото од себеси што е невозможно. Четиридимензионалното гледање е невозможно. Со напоменување на парадоксот на чудовиштето монструм самото да се покажува да се презентира и според етимологијата на монстер= покажува, посочува). Монструмот е своевиден холограм, кој потенцијално знае и гледа, бидејќи без остаток се прикажува. Тоа не е демаскирање кое би било демаскирано уште при самиот процес на маскирање затоа што позади погледот на маската секогаш има присуство на изворен поглед, или отсуство на поглед.

Таа празнина може да ја нивелира книжевноста. Оттаму сведокот (сопственикот н орангутанот кој убиството го следи низ прозорецот) е третото око кое всушност не ја дистингвира сликата од себе, тој активно учествува во актот. Ако не постоеше неговот око, актот немаше да егзистира истотака (Во латинскиот јазик има два начина да се каже сведок едниот тестис означувајќи го оној што се наметнува како трет; и вториот суперстес, го означува оној којшто нешто преживеал, нешто е пред него или тој е над него). Погледот ја конструира/реконструира сцената! Сведокот не може да го види она што го видел, самиот го гледал. Тој де фацто не може да раскажува и да вербализира затоа што е немоќен да се види себеси.



Дупен шизофрениот поглед

Стереоскопската визија на Дупен е шизофрена визија. Дупен го затвора кругот на погледите, на сведокот, на орангутанот на убиените, на полицијата.

Шизофренијата подразбира хетерогеност на непосредните објекти  перцепирани со различни сетила. Рене Магрит во своите текстови пишува: „Еден шизофреничар вели : Птиците црцорат во дворот. Ја слушам птицата и знам дека таа цврчи, но дека тоа е навистина птица и дека цврчи, е тоа се две сосем разл;ични работи…Има тука еден понор…Како птицата и цвркотот да немаат ништоо заедничко. Екстрасензорните импулси не конструираат синкретички објект.Тоа е пробивање на границите на еден чин на еден објект. Гледачот е мноштво објекти. Таму каде што постои блиско гледање просторот престанува да биде визуелен, или самото око веќе е хаптичка, не-оптичка функција: никаква линија не го разделува небото од земјата, бидејќи тие се од иста супстанца. Нема ни хоризонти ни позадини, ни перспективи, ни граници, ни контури, нема никаква посредничка дистанца или сите дистанци стануваат посреднички. Дупен во таа смисла не го релативизира семиотички кажано видливиот означител од секогаш шифтачкото означено кои во рамките на детективската калеидоскопска визура може да се дисеманира до бескрај. Тој и како Микеланџело што вели дека секој вајар во каменот ја открива статуата која е веќе во него затворена и скриена под материјата, ја бара плаузибилната стварнност во означените. (Оти во таа смисла светот и јазикот и погледот се потврда на шизофреничноста на културата). Факт е дека се слуша продорен глас но ниеден претставник од 5 европски нации не може да детектира европски јазик сума суммарум тоа е гласот на монструмот неартикулираниот, лишен од значење но не и од смисла, тоа е  говор, нашиот антецендент. Првата хипотеза поставена во расказот Could not be sure that it is a man’s voice си поигрува со нивоата на значење, ентитетот што преносно е шитан се дешифрира на буквалното рамниште. Тоа не беше човечки глас.

Токму на ова ниво во Убиството на улицата Морг по пат на дедукции се разоткрива убиецот на двете жени - орангутан. Геометриската оптика веке преминува во травестија на Потеклото на видовите со еден интертекстуален аранжман и  парадокс, со едно прекршување на мислата. Дупен е хипостаза на примордијалнното размислување и гледање оној во кој било се и во кој не е ништо.  Дупен е всушност позициониран во окото на орангутанот, окото на орангутанот го имитира погледот на човекот сведок, сведокот го позиционира орангутанот. И така се профилира цирцулус витиосус на погледот.

Оптичко и вербално


Кога и да се обидеме да поврземе две нешта, две идеи, две имиња, кога едната слика ја сфаќаме како сугестија на друга, тогаш настапува малинтенду, што во вавилонското мноштво јазици значи погрешно да се чуе за погрешно да се разбере. Секое поврзување е една таква грешка или неодразбирање.

Сè осатнува неповрзано и хетерогено. Книжевноста ги компензира недоразбирањата и мултипликациите затоа што нуди алтернативен репер и критериум според кој се проценува стварноста. Затоа што веројатностите и можностите се правопропорционални со ентропичноста, хаосот а не со среденоста, космизираноста, устројството и системот. Еден избор ги елиминира сите други избори. што гледа т.е. не гледа Дупен. Веројатноста во книжевноста е санкционирана со повторливоста на графемски фиксираниот текст. Или тоа е нејзината суштина по дефиниција.

Толкувањето/зборувањето е инфицирано од гледањето. Дупен открива, создава алтернативе кои немора по дефиниција да се точни, вистинити по законот Аристотелов на Веројатнооста и нужноста. Травестијата во гледната точка на другиот ја санкционира грешката во толкувањето на индициите. Тоа ја обезбедува економичноста на погледот, а со тоа и кохерентноста на мислата. Од множеството на веројатни толувања мора да се избере само едно. Сите тие ќе бидат хиперкодифицирани тврдења: Дупен заклучува дека убиената Марие Роже не би можела незабележано од никого да помине во 4 саатот по улиците затоа што Париз во тоа време е полн со луѓе а таа била позната кокета. (за ова на По му треба доказ па затоа се впуста во опишување на кокетериите на Марие). Или дека бегството на Марие Рогет е сврзано со венчално бегство иако таа има официјален свршеник. Но Дупен ги рефлектира своите колективен резервоар на занење и помнење. И изведува заклучоци плаузибилни на стварноста. (бројот на познаници во тоа време во Париз, Навиката во четири саатот да се шета или девојката тајно се состанува со маж само заради планирано бегалство.) Имагинарниот свет што пред нас се гради е само потврда на Дупеновите хипотези. Дупен н гледа и толкува но според сопстевите правила на игра санкционирани со артифициелниот модел на свет. „Играта ги опфаќа сите контингентности што лежат и во Иднината. Оти мора да се нагаѓа. Висината на злосторството им е позната само на жртвата, убиецот и Бога”

Во оваа смисла еве само неколку цитати од Волтеровиот Задиг, прототипот н адеттективското читање на стварноста : „Станува збор за галопер коњ што вие го барате, висок 5 стапки, копитото ми е повредено, опашката долга 2-3 стапки, самарот окован со злато 23 карати и потковиците од чисто сребро. Каде е каде отиде? Па не знам одговори Задиг, јас него воопшто не сум го видел, дури не ни чув дека за него зборувате.Видов траги од потковици и тоа совршено поставени една до друга и си реков еве едден коњ што перфектно галопира. Имаше парашина на дрвата некаде седум стапки, всушност лево и десно неизманишно на дрвата од дрворедот, па заклучив дека висок е 5 стапки а 2 стапки муи  е опашката…..

Неможноста да се гледа значи да се умножува говорот оти тој може да продуцира паралени инстанци и светови. Да се прифати предизвикот на играта агон, борба па макар и виртуалена со противникот убиец, мимикрија да се влезе во погледот негов. Тогач активноста, имагинацијата, интерпретацијата не можат да се сопрат. Дупен е врзан во кругот на мимикријата преку орангутанот којшто имитира маж, мажот емитира сведок, Дупен полицијата и орангутанот. Тоа е заразата на мимикријата вели Р. Кајоа.

Играта на погледот гласот и сомнежот вечно ќе се перпетуираат. За среќа видокругот што не можеме да си го измериме.