ИНТЕРСЕМИОТИЧКА ТРАНСПОЗИЦИЈА: ПОЕТСКИ ЕКФРАЗИС ИЛИ СЛИКИ НАСЛИКАНИ СО ЗБОРОВИ

          Во македонската книжевност, во песната Лов од Славко Јаневски можат да се насетат некои релации со БројгеловатаЛовци во снегот (Враќање на ловците), но сепак не можеме да зборуваме за екфразис на оваа конкретна слика бидејќи читањето на песната повеќе ни го претставува амбиентот при самиот чин на ловење и онаа разузданост на ловечките кучиња, додека како што можеме да забележиме на сликата е претставен еден мирен амбиент кој го опкружува враќањето на ловците во хармоничната зимска средина на селото

IV THE ADORATION OF THE KINGS

From the Nativity
which I have already celebrated
the Babe in its Mother’s arms

the Wise Men in their stolen
splendor
and Joseph and the soldiery

attendant
with their incredulous faces
make a scene copied we’ll say

from the Italian masters
but with a difference
the mastery

of the painting
and the mind the resourceful mind
that governed the whole

the alert mind dissatisfied with
what it is asked to
and cannot do

accepted the story and painted
it in the brilliant
colors of the chronicler

the downcast eyes of the Virgin
as a work of art
for profound worship

          На самиот почеток на песната, или поточно со вториот стих од првата строфа, кој гласи which I have already celebrated, ни се открива податокот дека ова не е прв пат сликата на Бројгел под наслов Поклонување на Мудреците да биде предмет на поетска разработка од страна на Вилијамс. Разгледувањето на творечкиот опус на поетот ќе нè однесе наназад, сè до 1958-та година, до петтиот дел од книгата Патерсон во која може да се најде уште еден екфразис на оваа слика. Меѓутоа, разработката на тој екфразис ќе го оставиме за некоја друга прилика, а сега ќе се задржиме на екфразисот кој погоре го вметнавме во овој наш труд, а е поместен во збирката песни од 1962-та година. Во втората строфа од оваа песна ќе наидеме на идентификација на присутните на сликата, ќе наидме на истакната десакрализација[18] на библиските ликови (the Wise Men in their stolen / splendor / and Joseph and the soldiery / attendant / with their incredulous faces) кои претставени на сликата воопшто не соодветствуваат на оние претходно насликаните од страна на италијанските мајстори. Споменувањето на италијанските мајстори е едно од значајните места во песната бидејќи со него се воспоставува една цитатна врска при која се нагласуваат разликите во мајсторството на сликите и различните творечки реакции на различните сликари на една иста тема, една приказна од Библијата. Се истакнува немирниот вдахновен дух кој прифаќајќи една библиска тема[19] се решава да ги искористи блескавите бои и за прв пат, за разлика од сите пред него, да ги наслика затворените очи на Девицата (the downcast eyes of the Virgin). Со истакнувањето на овој детаљ кој вооедно се наоѓа во самиот центар на сликата, се истакнува и неговата значајност; несомнено е дека самиот тој детаљ во себе го носи целото уметничко значење, тој ја претставува разликата која ја воведува сликарот и но смелоста која ја поседувал за да ја претстави Девицата, не како своите претходници, туку со затворени очи со што токму тие затворени очи ќе се претворат во уметничко дело за длабоко обожавање (as a work of art  / for profound worship). За разлика од претходните две песни во кои Вилијамс го води читателот низ просторната организираност на сликите на Бројгел, во оваа се добива впечаток на статично посматрање сосредоточено на централниот дел од платното