ИНТЕРСЕМИОТИЧКА ТРАНСПОЗИЦИЈА: ПОЕТСКИ ЕКФРАЗИС ИЛИ СЛИКИ НАСЛИКАНИ СО ЗБОРОВИ

V PEASANT WEDDING

Pour the wine bridegroom
where before you the
bride is enthroned her hair

loose at her temples a head
of ripe wheat is on
the wall beside her the

guests seated at long tables
the bagpipers are ready
there is a hound under

the table the bearded Mayor
is present women in their
starched headgear are

gabbing all but the bride
hands folded in her
lap is awkwardly silent simple

dishes are being served
clabber and what not
from a trestle made of an

unhinged barn door by two
helpers one in a red
coat a spoon in his hatband

          Како што веќе претходно споменавме, сликата Селска свадба на Бројгел е една маниристичка слика, односно тоа е слика на која е претставен предмет чие значење е обратно на неговиот размер. Доколку во сликата Пејзаж со падот на Икар проблем задаваше пронаоѓањето на Икар, во овој случај тој ист проблем го задава младоженецот. Првиот стих од строфата се чини му е упатен токму нему - Pour the wine bridegroom, и може да се исчита како извик на централниот лик на сликата кој држи поткрената чаша во раката, чијашто (просторна) поставеност Вилијамс ќе ја искористи за да го започне движењето низ просторната организација на сликата. Тоа движење од овој централен лик ќе продолжи со детектирање на невестата која е спроти/пред него, before you, а преку истакнувањето на формата на нејзината коса се преминува кон ѕидот поставен крај неа (the wall beside her) и посочување на класјето зрело жито кое е закачено на него; детаљ кој може да послужи како „ориентационо помагало“ при повторното детектирање на невестата (доколку читателот/гледачот ја изгуби од својот вид). Во третата строфа се редат деталите кои се видливи (guests seated at long tables / the bagpipers are ready) и оние кои при прв поглед не се забележуваат (there is a hound under / the table…). Се посочува и веројатно најпочесниот гостин на свадбата кој седи веднаш над кучето- the bearded Mayor, за потоа да се премине на детектирање на женската популација од гостите на свадбата (women in their/ starched headgear are / gabbing all…) со истакнување на белите капи како детали од сликата поврзани со неа. Интересно е тоа што Вилијамс преку описот на сликата ја раздвижува нејзината приказна, употребувајќи глаголи кои означуваат вршење дејство тој им дава еден вид движење и на самите ликови претставени на платното, ги врзува за одредени логични дејствувања кои кореспондираат со нивната претстава, преку физикусот го доловува и нивниот хабитус (свирачите со спемноста за свирење, жените со незапирливото зборување) со што читателот- гледач добива чувство како да во секој момент ќе ги слушне звуците од гајдата или вревата од зборувањето. По посочувањето на жените кои зборуваат за сè, поетот повторно се навраќа на невестата за да ја окарактеризира како чудно тивка (awkwardly silent) и да ја истакне положбата на нејзините скрстени раце (hands folded in her / lap). Од невестата набрзина се преминува на простите јадења кои ги служат двајца помошници на носило направено од скршена амбарска врата, со што се објаснува, односно се посочува потеклото и пренаменетата функција на конкретниот детаљ од сликата. Ваквото брзо преминување од невестата кон помошниците кои на сликата се претставени (како) во движење треба да алудира на нивното брзо преминување од едниот на другиот крај од претставениот простор, кое навистина би се случило доколку овие како и сите останати ликови од платното би  се раздвижиле како на краток филм. Етикетирањето на јадењата како прости и конкретното именување на јадењето, clabber and what not, е засновано на лична констатација по виденото, односно според белината на претставената материја во чиниите. Песната завршува со посочување на бојата на капутот на едниот од помошниците кои го носат јадењето и потенцирање на лажицата како детаљ од сликата кој се наоѓа на неговата капа