ИНТЕРСЕМИОТИЧКА ТРАНСПОЗИЦИЈА: ПОЕТСКИ ЕКФРАЗИС ИЛИ СЛИКИ НАСЛИКАНИ СО ЗБОРОВИ

VI HAYMAKING

The living quality of
the man’s mind
stands out

and its covert assertions
for art, art, art!
painting

that the Renaissance
tried to absorb
but

it remained a wheat field
over which the
wind played

men with scythes tumbling
the wheat in
rows

the gleaners already busy
it was his own –
magpies

the patient horses no one
could take that
from him

          Почетните три строфи од оваа песна не се однесуваат на конкретната слика која го има истото име како и песната, туку може да се каже дека ја тематизираат поетиката на Бројгел, поточно неговиот оригинален стил кој во себе содржи наративно или story-telling значење, или уште поконкретно умешноста на сликарот да ги претставува животноста, живоста и движењето толку реално. Во третата строфа ќе се истакне и времето во кое твори сликарот, времето на раната ренесансата во која водечка уметност е сликарството. Релацијата со конкретната слика се воспоставува во следната, четвртата строфа каде за прв пат се споменува житното поле кое е претставено и на сликата. Во петата строфа Вилијамс веќе зборува за луѓето кои се претставени како детали на сликата, притоа посочувајќи ја и нивната работа. Во последните две строфи преку истакнувањето на коњите (кои се неизоставлив дел од сликите на фламанскиот мајстор) и нагласување на зачестеното искористување на темата за селанската работа, повторно се потпира еден основен и значаен дел од поетиката на Бројгел. Интересно е тоа што иако насловот на оваа песна кореспондира со една од сликите на Бројгел сепак, оваа иста песна може да се поврзе и со една друга слика со сличен наслов. При читањето на песната и посматрањето на овие две слики (Жнеење и Жетва) се добива впечаток дека песната во себе ги синтетизира и двете, односно претставува екфразис на обете слики истовремено. За да го потврдиме ова тврдење ќе посочиме неколку важни сегменти од песната. Имено, житното поле кое се споменува во четвртата строфа низ кое игра ветрот  (wheat field / over which the / wind played) се среќава и во двете слики на Бројгел. Преку паралелното читање на песната и посматрањето на сликите се добива впечаток дека Вилијамс ги соединил овие две житни полиња во едно единствено, од ветрот развиорено поле во својата слика исликана со зборови. Луѓето кои се споменуваат во песната исто така може да се пронајдат и на двете слики, меѓутоа додека на сликата со име Жнеење, се претставени забрзани луѓе, со гребули на рамо и во раце, на сликата Жетва ќе ги пронајдеме луѓето со српови во раце како ја вршат својата секојдневна работа. Сите овие селани Вилијамс ќе ги смести во својата поетска слика со што може да се потврди нашето погоре споменато тврдење за синтезата на сликите. Коњите со кои се завршува сликата на Вилијамс ќе ги препознаеме на сликата Жнеење, додека на сликата Жетва залудно ќе ги бараме. За крај на ова споредување на овие две слики и песната ќе кажеме дека Вилијамс преку оригиналниот избор на детали од двете слики успеал да состави своја, исто толку оригинална слика исликана, како што веќе кажавме, не со четка  ами со зборови.
          Иако погоре се оддадовме на, условно речено, детективска игра на потрага за детали од сликите кои се споменати во песната, мора да нагласиме дека, во тоа не е суштината на компаративната средба помеѓу сликата и песната како нејзин екфразис, средба на која како посредник се наоѓа читателот[20].  Поетскиот екфразис е пред сè лична интерпретација на виденото ликовно дело, интерпретација која се создава низ призмата на поетовото доживување, затоа мора да се почитува таа субјективност која го обојува екфразисот како чин на интерсемиотичка транспозиција и да се исфрли како погрешно буквалното барање (од страна на читателот) на споменатите или не споменатите детали од сликата и етикетирање на поетскиот екфразис како доследен и буквален, односно недоследен и погрешен опис на сликата

VII THE CORN HARVEST

Summer!
the painting is organized
about a young

reaper enjoying his
noonday rest
completely

relaxed
from his morning labors
sprawled

in fact sleeping
unbuttoned
on his back

the women
have brought him his lunch
perhaps

a spot of wine
they gather gossiping
under a tree

whose shade
carelessly
he does not share the

resting
center of
their workday world