ИНТЕРСЕМИОТИЧКА ТРАНСПОЗИЦИЈА: ПОЕТСКИ ЕКФРАЗИС ИЛИ СЛИКИ НАСЛИКАНИ СО ЗБОРОВИ

          Почетокот на песната го истакнува првиот впечаток од посматрањето на сликата, извикот Лето!/ Summer! секако се поврзува со преовладувањето на жолтата боја, како и со жетвата која е главната тема на сликата на Бројгел но и на онаа на Вилијамс. По овој извик на констатација на годишното време, за миг, употребувајќи вокабулар преземен од сликарството песната на Вилијамс ги пречекорува границите на книжевниот и навлегува во критичкиот екфразис. Сликата на Бројгел, како што се истакнува во песната е организирана околу младиот жетвар, но несомнено е дека и сликата која се исликува со поетовите зборови е организирана околу тој ист жетвар. Песната ја подражава приказната која ја „раскажува“ сликата. Но додека сликата ја скаменува приказната во одреден момент кој најдобро ги иницира во имагинацијата на посматрачот моментите кои претходеле, но и оние кои следуваат по тој „замрзнат“ момент, песната низ зборовите повторно ги раздвижува ликовите, ги евоцира минатите мигови но и оние кои следат. Песната на Вилијамс всушност претставува успешно даден одговор на едно навидум просто прашање: Што ни раскажува сликата? Што можеме да видиме на сликата? При давањето на  одговорот Вилијамс ќе го потенцира најмногу предниот план на сликата, а нема да каже ништо за планинскиот предел во позадината.  Безброј различни очи можат да видат исто толку различни приказни при гледањето на оваа иста слика. Секој посматрач во зависност од својот „багаж на искуство“ кој го носи со себе може да создаде различен екфразис кој ќе биде само едно стракче од житното поле на Бројгел. Такво житно стакче е и екфазисот на Вилијамс, а нашиов обид за разјаснување на односите кои ги воспоставиле сликите на Бројгел и оние на Вилијамс при нивната пријателска средба, е стракче од две полиња: од поле на сликарот, но и од она на поетот

VIII THE WEDDING DANCE IN THE OPEN AIR

Disciplined by the artist
to go round
& round

in holiday gear
a riotously gay rabble of
peasants and their

ample-bottomed doxies
fills
the market square

featured by the women in
their starched
white headgear

they prance or go openly
toward the wood's
edges

round and around in
rough shoes and
farm breeches

mouths agape
Oya!
kicking up their heels