ИНТЕРСЕМИОТИЧКА ТРАНСПОЗИЦИЈА: ПОЕТСКИ ЕКФРАЗИС ИЛИ СЛИКИ НАСЛИКАНИ СО ЗБОРОВИ

          Првите стихови од песната кои го споменуваат сликарот и неговата замисла повторно се потврда на претходно посоченото тврдење дека овие песни на Вилијамс не се само екфразиси на слики, туку  екфразис на едно творештво. Како и во претходната песна така и во оваа поетот се обидува и успешно го доловува она движење на свадбарите кои Бројгел ги скаменил на своето платно со поткренати нозе, така доловувајќи го нивниот танц. Песната ги доловува расположението и атмосферата кои пак од друга страна сликарот доста успешно ги насликал на своето платно. Поетот  во песната значајно место им доделува на деталите, ги истакнува боите и деловите од облеката на свадбарите, белите капи на жените, тешките кондури и панталоните на мажите, но не зборува за општиот впечаток од сликата како што тоа беше случај во претходните неколку песни. Преку посочувањето на отворените усти на свадбарите, повторно како детаљ од сликата, и вметнувањето на зборот Oya како извик кој излегува од нив се заокружува доловувањето на тој весел селански танц кој се одвива round and around. При исликувањето (со зборови) на тоа движење, танцување во круг се посочува и близината на шумата на чии граници свадбарите ја слават свадбата на младенците. И оваа слика на Бројгел повторно го задава проблемот на  препознавањето на младоженецот, а во овој случај и на невестата, затоа слободно можеме да кажеме дека и оваа слика, како и сликите Пејзаж со падот на Икар и Селска свадба е маниристичка. Младенците во овој случај, за разлика од песната Селска свадба, каде се посочуваше присуството на младоженецот, и покрај неговата неможна идентификација на сликата на Бројгел, нема да бидат посочени како присутни ниту во песната со штоСвадбата на отворен простор се претвора во свадба без младенци.

IX THE PARABLE OF THE BLIND

This horrible but superb painting
the parable of the blind
without a red

in the composition shows a group
of beggars leading
each other diagonally downward

across the canvas
from one side
to stumble finally into a bog

where the picture
and the composition ends back
of which no seeing man

is represented the unshaven
features of the des-
titute with their few

pitiful possessions in a basin
to wash in a peasant
cottage is seen and a church spire

the faces are raised
as toward the light
there is no detail extraneous

to the composition one
follows the others stick in
hand triumphant to disaster