ШИЗОИДНАТА ГРАНИЦА ПОМЕЃУ ЕТНОНАЦИОНАЛИЗМОТ И КАПИТАЛИЗМОТ

Белешки

[1] Во есејот „Падот на реалниот социјализам на земја“, Уго Влаисављевиќ, наведувајќи ја конвенционалната и врежана мисла за падот на комунизмот - „Комунизмот падна во Источна Европа, а победи западничкиот економски и политички либерализам. Секако, цел еден свет не може преку ноќ да се промени; најголема опасност претставува наглото будење на национализмот. Всушност, тоа е автентичен израз на културата на заостанатост на тие народи. Со својата агресивна природа, слепиот нарцизам, национализмите лесно можат да дојдат во конликти. Треба да се вложи труд околу спречувањето на таквите конфликти, а логиките на профит и развој на цивилното општество нудат најдобар лек. итн.“ - со право констатира дека единствена препрека на патот на „неограничените“ трговски рамени и „вистинските“ демократии за либералната политичка елита што се занимава со Балканот, е „етничкиот конфликт“. Но, етнонационализмот, тврди Влаисављевиќ, е комунизам турнат на земја. Бидејќи, за Валисављевиќ, апсолутната точка на еманципација на комунистичкото општество кое е засновано на реализација на „рајот на земјата“ со т.н. „скок од квантитет во квалитет“, е во неговиот недовршен пад од кој настанува и етнонационализмот. Така, етнонационализмот настанува од падот и преформулацијата на комунизмот: „Национализмот се претставува како веќе-турнат-комунизам, а всушност е сe-уште-не-турнат-комунизам (со што, без сомнеж, се обидува да го прикрие своето рецентно потекло)“. Но, „комунизмот не пропаѓа заради својата илузорност, туку заради својата стварност, заради својата огромна и неснослива земска тежина“, која се отелотворила во врзаност на етнонационализмот за земјата; таа, за етнонационализмот, е симбол на традицијата, на прадедовската култура. Влаисављевиќ прецизно ја анализира логиката на етнонационалната војна што создава нов однос на именување кон земјата, нов однос на вкоренување на самиот јазик во етничкото тло што треба да биде именувано со војната, убиствата, крвта, телата на убиените, за низ етничкото чистење да се создаде јасна дистинкција меѓу „нашите“ и „нивните“ територии. Но, постои уште еден пад, прилично довршен, а тоа е падот на самата традиција која настана под налетот на логиките на профит и слободна трговија. Имено, етноцентризмот не создаде спонтана врска меѓу себе и традицијата; токму желбата низ таа војна да се врати на земјата и на традицијата, е знак дека таа традиција исчезнала. Етнонационализмот за време на војната и за време на падот на земја инвентира традиција и, низ спектакулумот на моќта на транзицискиот капитал, инвентира етнички мит. И затоа, Влаисављевиќ е во право кога вели  дека „етничките заедници настануваат за првпат дури сега по оваа војна (се однесува на војната во БиХ, заб. на С. М.), што е сосема спротивно од врежаното националистичко гледиште дека тие се прадамнешни субјекти, непроменливи до бесконечност“. Но, тоа етничко настанува под притисок на слободниот пазар, затоа што слободниот пазар не го нашол решението на етничкиот конфликт, туку, напротив, перманентно го продлабочувал. Повеќе да се види во: Ugo Vlaisavljević, „Rat kao najveći kulturni dogaðaj: Ka semiotici etnonacionalizma“, MAUNA-fe, Sarajevo, 2007, str. 18 i 148.

[2] Zygmunt Bauman. 2003. Voglia di comunita. Roma-Bari: Editori Laterza.

[3] Во овој текст се користени примери од бивша Југославија и примери на етнонационализмот кој настана во Србија.

[4]„Национализмот во Србија“, пишува Иван Чоловиќ, „ја оживеа критиката на материјалистичката, лихварската и декадентна Западна Европа“. Наспроти овие биолошки и морални постулати на Европа, на сцената на српскиот национален мит стои срдечниот лик на Србија и со гадење и срам ја посматра грдотијата пред себе. Со други зборови, односот меѓу Западна Европа и Србија овде не е изведен од т.н. ’право на разлика’, во име на барањето соработката со западноевропските народи да го услови зачувувањето на националната индивидуалност. Српскиот мит односот меѓу ’нас’ и ’другите’ го поставува поаѓајќи од ’правото на мисија’, од ексклузивното право дадено од бога Србија заради себе, но и заради другите народи, да ја сочува добрината во светот“ (Ivan Čolovič, „Dubina“, Samizdat, B92, Beograd, 2001. стр. 134.). Во тоа дело Иван Чоловиќ ја објаснува и етнонационалната идеја на избраниот народ, каде што божјиот народ, кој претставува доблест и срдечност, кога оди во војна, има мисија низ култот на жртвите да го отелотвори страдањето, божјите вредности во никаквиот свет. Стратегијата на западноевропската војна која настојува да воспостави „нов светски поредок“ за етнонационализмот е подмолна, прикриена, се води во ракавици, се крие зад маската на лихварството и идејата за човечки права, додека етнонационалистичката војна, заснована на страдање и на славење на хероите маченици, е искрена и неприкриена.

[5] Да се види: Dušan Bandić, „Tabu u tradicionalnoj kulturi Srba“,  XX-vek, Beograd, 1980.

[6] Од социолошки аспект, Макс Хоркхајмер ја објаснува оправданоста на култот на предците во Кина за време на аграрната култура и, истовремено, неможноста за негово објаснување во модерните времиња. За аграрната селска култура предците би можеле да бидат токму пренесувачи на знаењето за земјоделството и верувањето во нив има своја смисла токму затоа што тие, низ авторитетот на таткото, создаваат социјална компактност и баланс со природата. Но, кога старата аграрна култура е разорена од индустријализацијата, од механизацијата на земјоделството, тогаш надмоќната фигура на таткото и почитувањето на длабоката старост, како и култот на мртвите прадедовци почнува да слабее и на виделина излегуваат негативните страни на староста. Во модерните времиња, иако на неправеден начин се забележуваат недостатоците на староста, оживувањето на култот на мртвите е апсурдно, бидејќи положбата на човекот во односот кон природата е одредена од инструменталниот ум и модерната техника. Иста критика би можело да се упати и на етнонационализмот во поглед на култот на мртвите. Бидејќи, аграрно-традиционалниот културен модел на живот повеќе не е можно да се обнови низ егзотичниот мит за природно хармоничниот селски однос меѓу мртвите и живите. По процесот на индустријализација и на социјалистичко-општествениот развој не е повеќе можно да се обнови традицијата каква што била во минатото на истиот начин, освен ако тој процес не е ретрограден, како што е етнонационализмот во суштина.
За тоа пошироко во: Max Horkheimer, „Eclipse of Reason“, Oxford University Press, New York, 1947.

[7] Пошироко за тоа во: Senadin Musabegović, „Rat-konstitucija totalitarnog tijela“, Svjetlost, Sarajevo, 2008.

[8] За тоа да се види во: Ivan Čolović, „Politika simbola“, XX-vek, Beograd, 2000.

[9] Токму етнонационалимот на амбивалентен начин го поима поимот на избраноста. Еден аспект на овој поим означува периодот на „златната доба“, кој, за српскиот национализам, е времето пред доаѓањето на Османлиите, а како втор аспект се зема трагичната судбина на Евреите, кои ја изгубиле “светата земја“. Амбивалентен е и начинот на кој етнонационализмот се идентификува со Евреите. Имено, уако својата судбина ја врзува за судбината на Евреите, то сепак, во многу свои елементи, во себе содржи предрасуди и антисемитизам. „Србите во својата митологија“, вели Рената Салцл, „самите себеси се гледаат како ’Евреи’, избраниот народ на Југославија. Според Јован Рашковиќ, ’српскиот народ секогаш бил народ на трагична судбина, некој вид Божји народ’, кој на Косово ја изгубил ’светата земја’“ - Renata Salecl, „Protiv ravnodušnosti?“, Arkzin, Zagreb, 2002. стр.:43.

[10] Да се види цитираното дело на Рената Салецл.

[11] Vidjeti: Slavoj Žižek, „O vjerovanju“, Algoritam, Zagreb, 2007.

[12] Да се види: Slavoj Žižek - Maybe We Just Need a Different Chicken ... - 1:42:22 - 09.09.2008. pdxjustice Media Productions - www.pdxjustice.org. Како пример за опсцена пермисивност за српскиот етнонационализам, Жижек  ги наведува зборовите на Александар Тијаниќ, кој некое време бил министер за информирање и јавни медиуми на Милошевиќ и ја опишува „чудната симбиоза меѓу Милошевиќ и Србите“: „Милошевиќ генерално им одговара на Србите. За време не неговото владеење, Србите го укинаа работното време. Никој ништо не работеше. Тој овозможи цутење на црната берза и шверцот. Можете да се појавите на националната телевизија и да ги навредувате Тони Блер, Клинтон или кој било друг ’светски достоинственик’ (...) Освен тоа, Милошевиќ ни даде право своите проблеми да ги решаваме со оружје. Исто така, ни даде право да возиме украдени автомобили (...) Милошевиќ секојдневниот живот на Србите го претвори во еден голем празник и ни овозможи да се чувствуваме како деца на матурска екскурзија - тоа значи дека ништо, дека апсолутно ништо што ќе сторите не е казниво. И, затоа, додава Жижек, вистинскиот проблем не лежи во идентификацијата на економските интереси, што го одржуваат Милошевиќ, туку во опсцената пермисивност што може да обезбеди идеолошка и социјална поврзаност.
Да се види: Slavoj Žižek, „ Manje ljubavi - više mržnje“, Cirkulus, Beograd, 2001.

[13] Да се види: Slavoj Žižek, „O vjerovanju“, cit. djelo, str. 60.

[14] Да се види: Zygmunt Bauman, „Likquid Modernity“, Polity Press, Cambridge, 2000.

[15] Да се види: Anthony Giddens, „Runaway World“, Profile Book, London, 2002.

[16] Ерик Д. Горди пишува дека српскиот режим успеал така што систематски ги уништувал клучните елементи на нормалниот општински систем - автономните и способните алтернативни центри на моќ - додека наводно ги одржувал формалните аспекти на плуралистичкиот политички систем и барал да му се оддаде признание за нивно воведување, што значи дека тој не ги користел традиционалните тоталитарни методи, туку користел привиден плурализам за да ја урне и уништи алтернативата и да воведе конфузија наместо плурализам како дел од стратегијата на владеење.
Да се види: Erik D Gordi, Kultura vlasti u Srbiji, Samizdat, B92, Beograd, 2001.

[17] Да се види: Dušan Pavlović, „Akteri i modeli“, Samizdat, B92, Beograd, 2001.

[18] Да се види: Ivan Čolović, „Bordel ratnika“, XX-vek, Beograd, 2000.

[19] Слепата послушност кон авторитетот на таткото, потсетува на Рената Салецл, е исполнета и со чувство на винана синовите кои настојуваат да го убијат таткото и да се искачат на неговото место. И токму во тој час кога ќе го извршат неговото убиство, почнуваат да го обожаваат; тој тогаш добива позиција на над-јас. Рената Салецл понатаму, повикувајќи се на Лакан, забележува дека чувството на вина кон убиениот симболички татко, или големиот Друг, служи за да се сокрие празнината или немоќта во големиот Друг. Всушност, прземањето на вината за соборената моќ на големиот Друг или за улогата на таткото служи за да се истакне моќта на таткото што тој не ја ни поседувал, а која, всушност, го компензира неговото имагинарно убиство.
Да се види: Рената Салецл, цитираното делот, стр. 43.

[20] Да се види: Mircea Eliade, „The Myth of the Eternal Return“, Princeton University Press, Prineceton, 1991.

[21] Да се види: Olivera Milosavljević, „U tradiciji nacionalizma“, Helsinški odbor za ljudska prava u Srbiji, Beograd, 2002.

[22] „Целиот тој фолк“, продукција на РТВ Б92, автор Радован Купрес, режија: Бојан Вулетиќ, Белград, 2004.

[23] Да се види: Walter Benjamin, „ Estetski ogledi“, Suvremena misao, Zagreb, 1986.

[24] Види: Ерик Д. Горди, цитираното дело.

[25] За тоа колку значајна улога во поврзувањето на народите имала фигурата на народното оро, пишував во книгата Војна – конституција на тоталитарното тело.

[26] Поопширно за тоа да се види во: Ivan Čolović, „Bordel ratnika“, во цитираното дело.

[27] Ivan Čolovič, „Dubina“, Samizdat, B92, Beograd, 2001, стр. 133.

[28] За тоа да се види есејот „Природа“ во: Ivana Čolović, „Politika simbola“,  XX-vek, Beograd, 2000.

[29] Во оригинал: Koka-kola, malboro, suzuki/ Diskoteka, gitare, buzuki / To je život, to nije reklama / Nikom nije lepše nego nama. (заб. на прев.)

[30] Во оригинал: Lepo mi je sve / Samo da tako ostane (заб. на прев.)
Види кај Ерик Д. Горди, цитираното дело, стр. 147.

[31] За тоа Милена Драгичевиќ-Шешиќ пишува: „Привидната еклектичност на понудата и политичката контрадикторност во суштина го отсликуваат вистинското лице на воената поткултура: вредносниот хаос, неодреденоста на ставовите и целите во позитивна смисла (истовремена поддршка и на кралот и на Милошевиќ), тоа е основната врска меѓу сите борци (било доброволците во војната, било броците за војна надвор од линијата на фронтот, во различните политички партии на левицата и десницата), врската на нетрпеливост и омраза кон другиот, чувството на загрозеност на националното битие (манијата на гонење), како и чувството за големина на нацијата, нејзината исклучителна историска мисија и, воопшто, посебноста во светската култура“.
Milena Dragičević-Šešić, „Neofol kultura“, Izdavačka knjižarnica Zorana Stojanovića, Sremski Karlovci, Novi Sad, 1994, стр. 193.

[32] Како архетипски пример на трубофолкот, Горди го наведува видео спотот на Иван Гавриловиќ, „200 на саат“, славопојка на радостите на брзото возење, снимен во простор кој е, како што изгледа, изложбен простор на автомобилите на „Рено“. Песната започнува со скандирање Фолк! Фолк! Техно фолк!, потоа Инав пее додека зад него, во механички комбинизони со јаки бои, играат четворицата членови на „Фанки хаус бенд“. Песната, вели Горди, по своите музички и визуелни својства не може да се разликува од која било друга од мноштвто инстант синтетизирани денс хитови, сe додека не дојде до преодната точка, а тоа се неколку секунди во кои се слуша свирење на хармоника.

[33] Види: Marko Lopušina, „Ceca izmeðu ljubavi i mržnje“, Evro, Beograd. 2006. стр.: 78.

[34] Марко Лопушина пишува за сексипилниот имиџ на Цеца и за нејзиниот заводнички талент налик на Сабрина Салермо, Клаудија Шифер, Мадона, Шерон Стоун, Џоан Колинс, но и за нејзината етничка чистота и невиност: „Меѓутоа, сите кои добро ја познаваат Светлана Величковиќ Цеца, знаат дека таа е едно фино, мирно сентиментално и добро дете. Во душата е хуманист, топло суштество, а се однесува како наивна девојка и питома убавица. Цеца е вистински космополит и во тоа најдобро се сложуваме. Го сака целиот свет и е пресреќна што сретнала човек како што е Жељко (Аркан)“. Авторот, иако настојува да создаде некоја разлика меѓу големите медиумски ѕвезди и Цеца, сепак го презема јазикот на жолтиот печат што токму на тој начин говори за тие ѕвезди. Фактот што Цеца може да биде симбол на српството и на космополитизмот, да ги сака сите луѓе и, исто така, да ги посетува српските борци на бојните полиња, него не го загрижува многу.
Vidjeti: Marko Lopušina, «Ceca izmeðu ljubavi i mržnje», Evro, Beograd, 2006, str. 78.

[35] Isto, str. 66.

[36] Isto, str. 6.

[37] Во оригинал: „Folk je narod, turbo je sistem ubrizgavanja / goriva pod pritiskom u cilindar motora sa / unutrašnjim sagorijevanjem. / Turbo folk je gorenje naroda.“ (заб. на прев.)